defame530

Навреда и клевета: Нова офанзива против критичките медиуми

на јул 22, 15 • од

Тужбите и најавите за тужби за навреда и клевета против критичките медиуми и новинари од страна на владејачките политичари и бизнисмени блиски до нив, не секнуваат. Во само два дена, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков побара извинување од порталот Либертас, а рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко го тужи порталот НоваТВ...
Pin It

Home » Активности, Слобода за слободата на изразување » Навреда и клевета: Нова офанзива против критичките медиуми

Тужбите и најавите за тужби за навреда и клевета против критичките медиуми и новинари од страна на владејачките политичари и бизнисмени блиски до нив, не секнуваат. Во само два дена, поранешниот директор на УБК и висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков побара извинување од порталот Либертас и неговиот уредник Ацо Кабранов, а рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко ги тужи порталот НоваТВ и уредникот Борјан Јовановски.

На десет дена по првиот и осум дена по вториот текст за престојот на екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков на Санторини, Либертас доби „Барање за извинување и јавно повлекување на изјава“ од адвокатската канцеларија на Антонио Апостолски, инаку, правен застапник на Сашо Мијалков. Според Либертас („Мијалков бара извинување од Либертас ама не кажува зошто“, 21 јули 2015) Мијалков бара извинување за текстoт „Мијалков на викенд на ексклузивниот остров Санторини?!“, објавен на 11 јули, 2015 и за текстот „ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Мијалков си замина од Санторини, фати авион за Солун“, објавен на 13 јули, 2015 година.

Во дописот од адвокатската канцеларија, според Либертас, меѓу другото се вели: „Во насока на ублажување на штетата, по приемот на ова барање очекуваме во рокот определен со закон да излезете со соодветна изјава за извинување или јавно повлекување на дадените изјави кои содржат клевети и навреди против г-дин Сашо Мијалков“.

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, пак, само ден подоцна ги тужи НоваТВ и главниот уредник Борјан Јовановски и од нив бара 10.000 евра за „претрпена нематеријална штета од навреда и клевета“, како што е наведено во тужбата, за текст објавен на 20 март 2015 година, од авторот Сашка Цветковска, со наслов: „И Техномаркет со газди од Белизе“. Содржината од сторијата, според НоваТВ („Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко ја тужи НОВА“, 22 јули 2015), којашто бизнисменот ја смета за клеветничка и навредлива се содржи во придружниот текст кој објаснува чии бизниси во Македонија водат до крајни сопственици на иста адреса, водена од иста адвокатска куќа, во централноамериканската држава Белизе, позната офшор дестинација или даночно прибежиште.

Барањето за извинување од Либертас, како и тужбата против НоваТВ, претставуваат само уште еден показател за тоа дека Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, се (зло)употребува од страна на власта за вршење притисок врз критичкото и истражувачко новинарство и за загушување на слободата на изразување и слободата на информирање.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top