DSC_0348-1

Нови критериуми за поддршка на граѓанските организации во Крива Паланка

на дек 22, 21 • од

На 22 декември 2021 година, РЦС „Спектар“, во соработка со НВО Инфоцентар, организираше средба на граѓанските организации со претставници од Општина Крива Паланка на која се разговараше за заедничката соработка и поддршка од локалната самоуправа. Мартин Николовски, раководител на Секторот за општи и правни работи, финансиски прашања и локален економски развој и Антонио Давитковски, раководител [&hellip...
Pin It

Home » Активности » Нови критериуми за поддршка на граѓанските организации во Крива Паланка

DSC_0348-1На 22 декември 2021 година, РЦС „Спектар“, во соработка со НВО Инфоцентар, организираше средба на граѓанските организации со претставници од Општина Крива Паланка на која се разговараше за заедничката соработка и поддршка од локалната самоуправа.

DSC_0340-1Мартин Николовски, раководител на Секторот за општи и правни работи, финансиски прашања и локален економски развој и Антонио Давитковски, раководител на Одделението за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија,ги информираа претставниците на граѓанскиот сектор за новите критериуми за поддршка кои општината ги планира во наредните три години.

Новина е што од наредната 2022 година наместо годишна програма за поддршка на граѓански здруженија и фондации со определен буџет, соработката со граѓанскиот сектор ќе се реализира во рамки на проектот „ReLOaD 2“ на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), кој ќе се имплементира во следните три години, односно до 2024 година. Проектот предвидува финансиската поддршка за зајакнување на граѓанското учество со имплементирање на активности и проекти што се од интерес на локалната заедница. Претставниците на општината посочија дека акцентот ќе биде ставен на градење и зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, обезбедување на менторство и логистичка поддршка за успешно вклучување и спроведување на овој процес. Беше најавена и начелна децентрализација на Програмата за култура и преотстапување на организирањето културни настани на граѓанските здруженија, со поддршка на општината.

DSC_0354Претставниците на граѓанските организации ги поздравија новините во видот на соработката, но побараа и поголема поддршка при реализацијата и исполнувањето на новите критериуми за едукација и проектна реализација.

Настанот е дел од проектот “Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“ поддржан од Меѓународниот центар “Улоф Палме“.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top