12814773_1066158363443714_905119829227325605_n

Нов протест: (Не)Уставните судии ја попречуваат правдата!

на мар 3, 16 • од

Новиот граѓански протест пред Уставниот суд е закажан за 5 март 2016, сабота, во 13 часот, под мотото: „ Да го одбраните Уставот од Уставниот суд“...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Нов протест: (Не)Уставните судии ја попречуваат правдата!

АЈДЕ – Платформата за граѓанска политика, на 5 март 2016, го организираше четвртиот масовен граѓански протест пред зградата на Уставниот суд. На протестот говореа активистите Уранија Пировска, Славчо Димитров и претставници од „Но Пасаран

Во повикот на оваа граѓанска иницијатива се вели:

„Ајде уште еднаш јасно и громогласно да порачаме дека ние, граѓаните на оваа држава, нема да престанеме да протестираме сè додека судиите кои ја донесоа одлуката за помилување на изборните измами и други тешки криминали не си поднесат оставка.

Судиите Елена Гошева, Никола Ивановски, Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Јован Јосифовски, не само што се „гробари“ на Уставот, туку се и соучесници на власта во попречувањето на правдата.

Бидејќи попречувањето на правдата е сериозно кривично дело, едногласно го поддржуваме предлогот на Специјалното јавно обвинителство тоа кривично дело да биде што е можно побрзо воведено во правниот систем на Република Македонија и најстрого санкционирано.

Петтемина судии се само продолжена рака на партијата на власт и соучесници во изборните кражби, затоа што причинско-последичната врска меѓу нивната одлука и случајот „Титаник“ е повеќе од очигледна.

Граѓанки и граѓани, ајде сите в сабота, 5 март, во 13 часот да се собереме пред Уставниот суд и да порачаме: „НЕМА ПРАВДА – НЕМА МИР!“.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top