Нерамноправна застапеност на политичките субјекти во медиумите !

на јан 31, 06 • од

Во медиумите во Македонија доминираат написи и прилози за односите на Македонија со Европската унија. Кај повеќето јавни гласила преовладува незадоволството од воздржаноста на Франција во однос на кандидатурата на Македонија. Според медиумите, стандардната „грчка пречка“ не само што изостана, туку Грција, поради свои геополитички и геостратешки интереси, на извесен начин ја поддржа македонската кандидатура. Наспроти тоа, таканаречената „српско-француска врска“ се наведува како пречка за македонското напредување во евроинтегративните процеси...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Нерамноправна застапеност на политичките субјекти во медиумите !

Во медиумите во Македонија доминираат написи и прилози за односите на Македонија со Европската унија. Кај повеќето јавни гласила преовладува незадоволството од воздржаноста на Франција во однос на кандидатурата на Македонија. Според медиумите, стандардната „грчка пречка“ не само што изостана, туку Грција, поради свои геополитички и геостратешки интереси, на извесен начин ја поддржа македонската кандидатура. Наспроти тоа, таканаречената „српско-француска врска“ се наведува како пречка за македонското напредување во евроинтегративните процеси.

Ова се дел од констатациите на мониторингот на медиумите во декември 2005 година, кој го спроведе НВО Инфоцентарот, во рамките на континуираната Програма за квалитативно набљудување на медиумите во Македонија – „Медиумско огледало“. Мониторингот има за цел да даде јасна слика за професионалните стандарди и критериуми на информирање на медиумите, но и за начинот на кој тие ги следат и интерпретираат клучните општествени процеси инастани.

Декемвриската анализа забележува нерамнотежа во третманот на политичките субјектите, најмногу преку нивната (не)рамноправна застапеност во новинарските материјали. Тоа најчесто е изразено преку просторот кој им е отстапен на секој поединечно, преку акцентирањето на определени изјави или пак, преку нивното генерално присуство, односно отсуство во определен медиум. При анализирањето на ваквиот однос кон различните субјекти, останува дилемата дали е тоа резултат на различната активност, односно пасивност на тие субјекти, или пак, е резултат на фаворизирање од страна на медиумот.

Интегралниот текст на декемврискиот извешај ќе го најдете подолу.

Медиумско огледало бр.4, декмври 2005 – PDF верзија (447KB)

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top