ImunoMETAR [ Nedelen COVER ]-02

Неделен #КовидИмунометар: Пријавени 29%, а вакцинирани 15.7% од полнолетните граѓани

на јун 1, 21 • од

Заклучно со 31 мај, во државава се пристигнати вкупно 461.040 дози вакцини. Најзастапена вакцина е Синофрам, а потоа следат Астра-Зенека, Фајзер и Спутник В...
Pin It

Home » Активности, Анализи, Важни, Ковид Имунометар » Неделен #КовидИмунометар: Пријавени 29%, а вакцинирани 15.7% од полнолетните граѓани

 

 ImunoMETAR [ Nedelen COVER ]-02

Период на известување: 26 – 31 мај 2021

Заклучно со 31 мај, во државава се пристигнати вкупно 461.040 дози вакцини. Најзастапена вакцина е Синофрам, а потоа следат Астра-Зенека, Фајзер и Спутник В.

Колку луѓе треба да се вакцинираат?

Според Националниот план за Ковид-19 вакцинација во Репубика Северна Македонија 2.1 треба да се вакцинираат вкупно 1.490.500 полнолетни граѓани категоризирани во различни приоритени групи.

Колку луѓе се пријавиле за вакцинација?

Заклучно со 31 мај, на специјалната интернет-апликација на Владата, за вакцинација се пријавиле вкупно 431.770 граѓани односно 29% од проценките на Министерството за здравство.

Во периодот 26 – 31 мај, бројот на пријавени се зголемил за 12.431 граѓани односно за 2.9% (во просек, дневно се пријавувале 2.071 граѓани).

Ова значи дека бројот на заинтересирани граѓани продолжува да се зголемува, но со намалено темпо во споредба со претходните 10 дена (16 – 25 мај), кога во просек, дневно се пријавувале дури 7.290 граѓани.

Колку луѓе се вакцинирани?

Заклучно со 31 мај, вкупниот број вакцинирани лица, според официјалната-страница за вакцинација, изнесува 234.508 односно 15.7% од проценките на Министерството за здравство.

Во периодот 26 – 31 мај, бројот на вакцинирани граѓани се зголемил за 13.775 односно за 5.9% (во просек, дневно се вакцинирале 2.295 граѓани).

Ова значи дека бројот на вакцинирани граѓани продолжува да се зголемува, но со намалено темпо во споредба со претходните 10 дена (16 – 25 мај), кога во просек, дневно биле вакцинирани 5.730 граѓани.

Според министерот Венко Филипче, заклучно со 29 мај, вкупно аплицирани дози вакцини се 304.904, а ревакцинирани се 71.060 граѓани.

Заклучно со 29 мај, според Министерот, 47% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина, 41% од населението над 65 години има примено барем една доза вакцина и 34% од населението над 60 години има примено барем една доза вакцина.

Колку граѓани се вакцинирале во странство?

Според досегашните информации околу 15.000 граѓани се вакцинирани во Србија и над 2.000 граѓани се вакцинирани во пограничната зона со Бугарија.

Вакцинирањето во пограничната зона со Бугарија и натаму продолжува.

Што се однесува до ревакцинацијата на граѓаните кои првата доза вакцина ја примиле во странство (најголемиот дел вакцинирани во Србија), Министерството за здравство, на 29 мај, ја стави во функција интернет-апликацијата – https://vakcinacija.mk/revaccination, која е за регистрација само на оние граѓани кои сакаат да се ревакцинираат во земјава.

Оваа можност за граѓаните е отворена до 6 јуни 2021 година. Според Министерството, преку интернет-регистрацијата ќе се добие детален увид за тоа, колку и какви вакцини ќе бидат потребни за ревакцинација на оваа категорија граѓани.

Едновремено, Министерството извести дека со вакцината Астра-Зенека, во земјава ќе се ревакцинираат единствено граѓаните над 60 години.

Според информациите, најголем дел од граѓаните вакцинирани во странство треба да бидат ревакцинирани на 19 јуни годинава.

Колку вакцини се пристигнати?

Заклучно со 31 мај, во државава се пристигнати вкупно 461.040 дози вакцини.

Најзастапена вакцина е Синофрам (65.5%), потоа Астра-Зенека (14.8) и Фајзер (14%), а најмалубројна е Спутник В (5.7%):

• Синофарм – 302.000 (65.5%)

• Астра-Зенека – 68.400 (14.8%)

• Фајзер – 64.640 (14%)

• Спутник В – 26.000 (5.7%)

Хронологија на пристигнување на вакцините:

31.5.2021 – 4.680 дози Фајзер, помош од ЕУ

31.5.2021 – 7.020 дози Фајзер

24.5.2021 – 5.850 дози Фајзер

24.5.2021 – 4.680 дози фајзер, помош од ЕУ

18.5.2021 – 9.360 дози Фајзер

15.5.2021 – 100.000 дози Синофарм, донација од Кина

14.5.2021 – 38.400 дози Астра-Зенека

12.5.2021 – 6.000 дози Астра-Зенека, донација од Унгарија

4.5.2021 – 4.860 дози Фајзер, помош од ЕУ

30.4.2021 – 200.000 дози Синфарм

26.4.2021 – 10.000 дози Фајзер

16.4.2021 – 10.000 дози Фајзер

12.4.2021 – 2.000 дози Синофарм, донација од ОАЕ

1.4.2021 – 20.000 Спутник В, донација од Србија

28.3.2021 – 3.000 дози Спутник В

28.3.2021 – 24.000 дози Астра-Зенека, Ковакс механизам

7.3.2021 – 3.000 дози Спутник В

24.2.2021 – 3.510 дози Фајзер, донација од Србија

14.2.2021 – 4.680 дози Фајзер, донација од Србија

 

Извор на информации: Министерство за здравство и Влада на РСМ

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top