Неделен #КовидИмунометар
Известувачки период: 1 – 7 јуни 2021
Кратко резиме
• Заклучно со 7 јуни, во државава се пристигнати вкупно 473.910 дози вакцини.
• Досега се вакцинирани 245.413, а пријавени за вакцинација се 440.213 граѓани.
• Во првата недела од јуни, најголемиот дел од аплицираните вакцини се ревакцинација.
• Темпото на вакцинација во споредба со претходниот период е намалено. Во просек, дневно се вакцинирале нешто над 1.500 граѓани.
• Над 2.000 македонски граѓани (претежно млади луѓе) се вакцинираа во Србија.
Колку луѓе треба да се вакцинираат?
Според Националниот план за Ковид-19 вакцинација во Репубика Северна Македонија 2.1 треба да се вакцинираат вкупно 1.490.500 полнолетни граѓани категоризирани во различни приоритени групи.
Колку луѓе се пријавиле за вакцинација?
Заклучно со 1 јуни, на специјалната интернет-апликација на Владата, за вакцинација се пријавиле вкупно 440.213 граѓани односно 29.5% од проценките на Министерството за здравство.
Во периодот 1 – 7 јуни, бројот на пријавени се зголемил за 8.433 граѓани односно за само 1.9% (во просек, дневно се пријавувале 1.204 граѓани).
Бројот на заинтересирани граѓани продолжува да се зголемува, но со намалено темпо во споредба со претходните 7 дена (26 – 31 мај), кога во просек, дневно се пријавувале 2.071 граѓани.
Колку луѓе се вакцинирани?
Заклучно со 7 јуни, вкупниот број вакцинирани лица, според официјалната-страница за вакцинација, изнесува 245.413 односно 16.4% од проценките на Министерството за здравство.
Во периодот 1 – 7 јуни, бројот на вакцинирани граѓани се зголемил за 10.905 односно за 4.5% (во просек, дневно се вакцинирале 1.557 граѓани).
Бројот на вакцинирани граѓани продолжува да се зголемува, но со намалено темпо во споредба со претходните 7 дена (26 – 31 мај), кога во просек, дневно биле вакцинирани 2.295 граѓани.
Според министерот Венко Филипче, заклучно со 4 јуни, вкупно аплицирани дози вакцини се 369.661, од кои ревакцинирани се вкупно 125.829 граѓани. Во првата недела од јуни, најголемиот дел од аплицираните вакцини беа ревакцинација.
Заклучно со 4 јуни, според Министерот, 47% од населението над 70 години, 41% од населението над 65 години и 35% од населението над 60 години има примено барем една доза вакцина.
На 3 јуни започна вакцинацијата на сите хронично болни пациенти и со ризик од Ковид-19, на возраст од 20 до 40 години, кои се пријавиле за вакцинација до 30 април 2021 година.
Колку граѓани се вакцинирале во странство?
Од 5 јуни, Србија повторно ги отвори вакциналните пунктови за македонските граѓани, кои можат да се вакцинираат без претходна најава.
Според медиумите, од 5 до 7 јуни, во Ниш и Врање, вакцинирани се над 2.000 македонски граѓани, претежно млади луѓе.
Оваа бројка ќе се зголемува затоа што можноста за вакцинирање е се уште отворена.
Колку вакцини се пристигнати?
Заклучно со 7 јуни, во државава се пристигнати вкупно 473.910 дози вакцини.
Најзастапена вакцина е Синофрам (63.7%), потоа Фајзер (16.4%), Астра-Зенека (14.4%) и Спутник В (5.5%):
• Синофарм – 302.000 (63.7%)
• Фајзер – 77.510 (16.4%)
• Астра-Зенека – 68.400 (14.4%)
• Спутник В – 26.000 (5.5%)
Хронологија на пристигнување на вакцините:
7.6.2021 – 12.870 дози Фајзер
31.5.2021 – 4.680 дози Фајзер, помош од ЕУ
31.5.2021 – 7.020 дози Фајзер
24.5.2021 – 5.850 дози Фајзер
24.5.2021 – 4.680 дози фајзер, помош од ЕУ
18.5.2021 – 9.360 дози Фајзер
15.5.2021 – 100.000 дози Синофарм, донација од Кина
14.5.2021 – 38.400 дози Астра-Зенека
12.5.2021 – 6.000 дози Астра-Зенека, донација од Унгарија
4.5.2021 – 4.860 дози Фајзер, помош од ЕУ
30.4.2021 – 200.000 дози Синфарм 26.4.2021 – 10.000 дози Фајзер
16.4.2021 – 10.000 дози Фајзер
12.4.2021 – 2.000 дози Синофарм, донација од ОАЕ
1.4.2021 – 20.000 Спутник В, донација од Србија
28.3.2021 – 3.000 дози Спутник В
28.3.2021 – 24.000 дози Астра-Зенека, Ковакс механизам
7.3.2021 – 3.000 дози Спутник В
24.2.2021 – 3.510 дози Фајзер, донација од Србија
14.2.2021 – 4.680 дози Фајзер, донација од Србија
Извор на информации: Министерство за здравство и Влада на РСМ