Патот на вакцините до Северна Македонија
Неделен #КовидИмунометар
Известувачки период: 28 септември – 4 октомври 2021
• 35.5% од населението се целосно вакцинирани (734.023 граѓани).
• 38.2% од населението примиле барем една доза вакцина (789.802 граѓани).
• Од 25 септември до 2 октомври, процентот на вакцинирани со една доза се зголемил за 0.4%, а на целосно вакцинирани само за 1%.
• Се намалува интересот на граѓаните за вакцинирање.
• 47% од населението над 18 години е примиле една доза вакцина.
• 44% од полнолетното население е целосно вакцинирано.
• Трета доза примиле 329 граѓани.
• Комитетот за имунизација препорача трета доза да добијат сите граѓани без разлика на возраста.
• 23% од новозаразените, 21% од хоспитализираните и 15% од починатите од Ковид-19, се вакцинирани.
• Во моментов на располагање се 250.000 дози вакцини Фајзер, 45.000 дози Синовак и 100.000 дози Астра Зенека.
Интегрален извештај ImunoMetar 19_ 28 septemvri – 4 oktomvri 2021