За време на одржувањето на Скопскиот маратон, на 8 мај 2016, нeпознати сторители физички нападнаа демонстранти на Шарената револуција кои ги бодреа натпреварувачите со транспарент на кој пишуваше: „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор!“.
Насилниците се обиделе физички да се пресметаат со активистите и го уништиле транспарентот. Еден активист е повреден.
Случајот е пријавен во полиција и се води истрака за непознат сторител.
На маратонот, Шарената револуција беше застапена и со активисти и транспаренти (на пример:„Трчај како да те брка СЈО“).