nu1

Наметнат Устав – Јавна расправа по Нацрт-амандманите на Уставот на РМ

на сеп 18, 14 • од

Предложените измени на Уставот на република Македонија, со најновите нацрт-амандмани, со исклучок на дел од Амандманот XXXIII кој предвидува уставно редефинирање на бракот како заедница исклучиво само меѓу еден маж и една жена, до сега не била тема на јавна дискусија. По тој повод, група граѓански здруженија ја организираше јавната расправа „Наметнат Устав“...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Наметнат Устав – Јавна расправа по Нацрт-амандманите на Уставот на РМ

На 17 септември , во ГЕМ Клубот во Скопје, во организација на Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија се одржа јавната расправа по Нацрт-амандманите на Уставот на РМ, насловена „Наметнат Устав“.

Расправата се задржа на трите теми кои ќе ги опфатат предложените Нацрт- амандмани:  Судски систем и уставната жалба – ефикасен механизам за заштита на човековите права или дополнително успорување на патот до правдата?; Уставот и јавните финансии – зошто Владата посегна по уставно бетонирање на долговите и исцртување на слободна финансиска територија? и темата  „Не во мое име!“ како  расправа по Нацрт-амандманот XXXIII кој предвидува уставно редефинирање на бракот како заедница исклучиво само меѓу еден маж и една жена.

Професорот Светомир Шкариќ, како воведничар на расправата, смета дека Владата предлага нови уставни термини и категории, кои се противречни со преамбулата и со темелните вредности на уставниот поредок, поради што седумте амандмани може да се сметаат за контра устав или за наметнат устав. Тоа особено важи за амандманот кој овозможува формирање финансиска зона, надвор од меѓународното и уставното право, додавајќи дека таквиот амандман има разорно дејство врз македонскиот државен идентитет, вклучувајќи ги и придобивките од АСНОМ, како и врз целокупниот правосуден систем. Тоа, според него, ќе биде најголемата пречка за зачленување во ЕУ.

nu3Поранешниот гувернер на НБРМ, Петар Гошев, смета дека последното менување на дефиницијата на јавниот долг се граничи со насилство. Според Гошев, беспредметно е да се говори за ниво на јавен долг ако нема одговори на прашања со колкаво јавно богатство располага Македонија.

Абдулменаф Беџети и Кире Наумовски, како економски експерти, се осврнаа на опасноста од екстериторијалност од воведувањето на слободната финансиска зона, која не само што нема да и’ донесе ништо добро на државата, туку ќе овозможи внесување нечист капитал во Македонија.

Говорејќи за пnu2редложените измени во судскиот систем и уставната жалба, Маргарита Цаца Николовска, судијката на Уставниот суд во БиХ , нагласи дека сите промени на Судскиот совет нема да ја постигнат целта за самостојност на судската власт, бидејќи самите членови во советот се зависни. Цаца смета дека новите измени со кои се предвидува зголемување на Судскиот совет од 8 на 10 судии и воведување на уставна жалба, нема да донесат ништо ново.

nu4Уранија Пировска, модератор на третата тема, наведе дека вака формулираниот брак и изнесена аргументација нужно отворат две дилеми: Ако интенцијата на овој Нацрт-амандман е да го заштити бракот, зошто тогаш истовремено, ја штити и вонбрачната заедница? И Зошто предлагачот воопшто се повикува на религиски вредности, имајќи ја во предвид секуларноста на државата?

Според Ирена Цветковиќ од Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните групи, Нацрт-амандманот треба да се гледа во контекст на последниот дел од серијата удари ‘во самоодбрана’ против ЛГБТИ заедницата.

Целосниот видео записите од јавната расправа ќе го најдете на овие линкови:

Наметнат Устав 1 дел

Не во мое име!

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top