debata-nadvoresna-kontrola-na-policijata

Надворешна граѓанска контрола врз работата на полицијата

на апр 27, 18 • од

Главниот фокус на дебатата беше улогата, надлежностите и капацитетите на Народниот правобранител, во воспоставувањето и функционирањето на надворешниот механизам за граѓанска контрола врз полицијата. Во дискусијата учествуваа: Иџет Мемети, Народен правобранител; Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи; Петар Јорданоски, Совет на Европа; Гордан Калајџиев, експерт и претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Горан Лазаров, Евротинк - Центар за европски стратегии. Дебатата ќе ја модерира Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права...
Pin It

Home » Активности » Надворешна граѓанска контрола врз работата на полицијата

ДЕБАТА: Омбудсманот меѓу специјалните надлежности и капацитетите

Во организација на НВО Инфоцентарот и Хелсиншкиот комитет за човекови права, денеска во Скопје се одржа дебатата„Омбудсманот меѓу специјалните надлежности и капацитетите: Надворешна граѓанска контрола врз работата на полицијата“.

Главниот фокус на дебатата беше улогата, надлежностите и капацитетите на Народниот правобранител, во воспоставувањето и функционирањето на надворешниот механизам за граѓанска контрола врз полицијата.

Во дискусијата учествуваа: Иџет Мемети, Народен правобранител; Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи; Петар Јорданоски, Совет на Европа; Гордан Калајџиев, експерт и претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Горан Лазаров, Евротинк – Центар за европски стратегии. Дебатата ќе ја модерира Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Едновремено, Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентарот ја промовираше публикацијата: „Граѓански мониторинг на Народниот правобранител“.

Настаните во Собранието од 27 април точно пред една година се показател за злоупотребата на Министерството за внатрешни работи во партиски цели. Тие немаше да се случат доколку постоеше независна контрола врз министерството, беше заклучено на дебатата.

Во изминатите десет месеци, во МВР биле покренати кривични постапки против 33 лица за сторени 36 кривични дела меѓу кои и за злоупотреба на службената положба, за изнуда и за насилство. Дисциплински постапки се поднеле против 291 лице, вработено во МВР.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека во минатото во МВР: „Постоела група која била задолжена за бришење на трагите. Група која била политички окупирана, пред се, од високо позиционирани функционери во министерството и затоа ни се случува да имаме случаи за кои не можеме да најдеме докази и да дојдеме до релевантни сознанија бидејќи доказите или ги нема или повеќе не се такви како во време на извршувањето на кривичното дело“.

Со измените на Законот за Народниот правобранител што беше донесен во Собранието во февруари годинава, надзорна контрола врз полицијата треба да има Омбудсманот, а во обвинителството и во судот да бидат формирани специјализирани одделенија за гонење на полициски службеници за незаконско работење и прекумерна употреба на сила.

Народниот правобранител Иџет Мемети истакна дека Омбудсманот и изминатите години активно водел истраги и собирал докази за незаконско постапување на полицијата, кои потоа биле доставувани до Обвинителството и МВР, каде се губеле во фиоките и по нив воопшто не било постапувано.

За разлика од министерот Спасовски, универзитетскиот професор и претседател на Хелсиншкиот комитет, Гордан Калајџиев вели дека не е избран најдобриот модел и изрази револт поради тоа што како што наведе моделот бил избран на затворен состанок во МВР, на идентичен начин како што тоа било сторено со моделот за следење на комуникации.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top