Илза Ештрефи, Фисник Џелили, Ардонит Исмаили, Дитурим Џеладини и Мухамет Усеини од Тетово со поддршка на нивниот ментор Метин Муареми и НВО Инфоцентарот, на 26 ноември 2020, преку платформата ЗУМ, ги споделија со своите врсници од Тетово, Велес и Албанија, искуствата од учеството во проектот #НадминувањеГраници/ #ChallengingBorders.
Тие на своите другари им раскажаа за онлајн кампот и работата во групи со млади од Велес, Србија и Албанија. Со нив споделија што е тоа толеранција, интеркултрализам, надминување стереотипи и предрасуди. За нив најважно од се е тоа што младите не се занимаваат со минатото, туку размислуваат и грабат кон иднината.
И покрај пандемијата и неможноста да патуваат, младите стекнаа нови познанства, пријателства и другарства со свои врсници од три држави.
Оваа активност се реализираше во рамки на проектот #ChallengingBorders, на НВО Инфоцентарот и партнерските организации: Влора Младински Центар од Албанија и Тимочки Клуб од Србија, финансиски поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Фондот на Обединетите нации за градење мир (UN PBF).