Од 19 до 23 октомври 2020 година, НВО Инфоцентарот, Младинскиот центар од Влора и Тимочки клуб од Књажевац, организираа онлајн камп за 33 млади од пет градови во Македонија, Албанија и Србија.
Средношколците и студентите вклучени во кампот имаа можност виртуелно да се запознаат со своите врсници од овие држави и заеднички да учат за вредностите на интеркултурализмот.
Од Македонија, на кампот учествуваа десет младинци од Тетово и Велес. Тие со своите нови пријатели од Албанија и Србија, до крајот на ноември 2020, ќе продолжат меѓусебно да комуницираат, да соработуваат и да креираат мултимедијални содржини кои потоа, ќе ги споделат со своите врсници во заедниците во кои живеат, но и пошироко.
Сите овие активности се реализираат во рамки на проектот #НадминувањеГраници/ #ChallengingBorders, финансиски поддржан од РИКО и УНПБФ.