mrt 4(1)

МРТ си игра со вистината

на јун 5, 15 • од

Со невистинит наслов МРТ манипулира со јавноста за исходот на преговорите меѓу власта и опозицијата, во корист на актуелната влада...
Pin It

Home » Активности, Слобода за слободата на изразување » МРТ си игра со вистината

Предпладнево, околу 10 часот, Македонската радиотелевизија, на својата интернет страница, објави текст со наслов „Хан од Вешингтон: Предвремените парламентарни избори ќе ги спроведува актуелната Влада“, од дописничката Ирина Гелевска. Во текстот беше пренесена изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан, дадена вчера во Вашингтон, на прес-конференција одржана во рамките на Атлантскиот совет .

han1Насловот на прилогот, кој патем, не беше поткрепен и во содржината на текстот, манипулативно сугерира дека еврокомесарот Хан зборува за веќе донесена одлука во полза на актуелната влада на Република Македонија и тоа, пред одржувањето на закажаната средба за решaвање на политичката криза во Македонија на 10 јуни, во Брисел.

Прилогот кој одекна силно во медиумите и по социјалните мрежи, стана извор на толкувања за насоките во кои се движат преговорите меѓу власта и опозицијата и воопшто исходот од средбата во Брисел.

han2Неполни два часа подоцна, МРТ го повлече прилогот и го реобјави со нов наслов „Хан од Вашингтон побара спроведување на договорот за политичка нормализација“.

Ваквото поведение на МРТ, да ги обликува и пласира информациите секогаш во полза на актуелната владејачка гарнитура, а не во интрес на навремено, вистинито и непристрасно информирање на граѓаните, ја засилува потребата од темелна реорганизација на јавниот сервис и ги потврдува долгогодишните барања на граѓанските организации за реформи во МРТ.

МРТ, на овој начин, уште еднаш покажа дека не води грижа за јавниот интерес и право на граѓаните на Република Македонија, слободно и непристрасно да бидат информирани.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top