„АЈДЕ!” пред Македонската радиотелевизија:
МРТ треба да биде јавен сервис на граѓаните, а не владин мегафон!
(Сабота, 28.02.2015, пред МРТ, 12 часот)
Членовите на АЈДЕ! – Платформата за граѓанска политика, мотивирани од потребата јавно да ѝ порачаат на Македонската радиотелевизија (МРТ) дека треба да биде сервис на граѓаните, а не владин мегафон, утре (сабота), на 28 февруари 2015 година, во 12 часот, ќе организираат протестен перформанс пред зграда на МРТ.
На овој настан, за слободата на изразување, за слободата на медиумите, за пропагандата и за улогата на МРТ како јавен радиодифузен сервис на граѓаните, ќе говорат новинарите и граѓанските активисти: Зоран Бојаровски, Сашка Цветковска, Инес Ефремова, Јана Коцевска и Билјана Бејкова.
——–
„АЈДЕ!”- Платформа за граѓанска политика претставува неформална, но организирана група слободоумни поединци со различни идеи и ставови, која сака да ги зајакне и здружи расцепканите демократски сили во земјата.
„АЈДЕ!” се стреми да ја врати моќта за носење политички одлуки во рацете на граѓаните на Република Македонија.