Monitoring na mediumi [ Infographic 05_2021 ] (2)

Мониторинг на медиумите (мај 2021): Многу исти вести, малку анализи за вакцинацијата

на јун 24, 21 • од

Процесот на вакцинација против КОВИД-19 и во текот на мај беше една од најзастапените теми во медиумите. На најголемиот агрегатор time.mk имаше вкупно 10.699 медиумски прилози поврзани со вакцините и имунизацијата против Ковид-...
Pin It

Home » Активности, Ковид Имунометар, Мониторинг на Медиуми » Мониторинг на медиумите (мај 2021): Многу исти вести, малку анализи за вакцинацијата

Процесот на вакцинација против КОВИД-19 и во текот на мај беше една од најзастапените теми во медиумите во Република Северна Македонија. На најголемиот агрегатор time.mk имаше вкупно 10.699 медиумски прилози поврзани со вакцините и имунизацијата против Ковид-19.

Ова е нешто помалку во споредба со април, но сепак, станува збор за голем број прилози кои се однесуваат на вакцините и процесот на вакцинација. Во просек, дневно беа објавувани над 350 медиумски содржини и оваа бројка недвосмислено покажува дека имунизацијата и натаму е тема од најголем јавен интерес за медиумите во државава.

Monitoring na mediumi [ Infographic 05_2021 ]

Министерот за здравство, Венко Филипче и натаму е главен извор на информации кога станува збор за процесот на вакцинација и борбата против Ковид-19, иако, неговото присуство во споредба со април беше речиси двојно намалено. Во текот на мај, министерот Филипче беше застапен во 2.289 медиумски содржини на агрегаторот time.mk или во просек, во 74 прилози дневно.

Во известувањето на медиумите, доминираат изјави, кратки вести и речиси идентични прилози, додека анализи односно аналитичко-проблемска обработка на определени теми поврзани со имунизацијата на населението речиси и нема.

Што се однесува до содржината на медиумските прилози, најголем дел се однесуваа на процесот на вакцинација во земјава, бројот на вакцинирани граѓани и бројот на пристигнати вакцини. Секојдневно се следеа и светските искуства со вакцините против Ковид-19, како и препораките и истражувањата на релевантните меѓународни здравствени организации и институции.

Набљудувањето и анализата на медиумското известување за Ковид-19 имунизацијата се реализира преку агрегаторот на вести – Time.mk, кој опфаќа вкупно 125 медиуми[1] – вести (63), портали (48) и спортски медиуми (14) и тоа, со пребарување според клучни зборови – „вакцинација“, „Филипче“ и „антиваксери“.

Основната цел на набљудувањето е да се утврди интензитетот, квалитетот и доминантните наративи во известувањето на медиумите за целокупниот процес на Ковид-19 вакцинацијата во државава.

Овој втор извештај го опфаќа периодот од 1 до 31 мај, 2021 година.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top