Четириесетина млади од Ростуше заедно со НВО Инфоцентарот, граѓанската организација Рекански бисер, општината и јавните претпријатија, на 18 октомври го искористија убавото есенско време и здружено ја исчистија пешачката патека во близина на селото.
Оваа акција која има за цел да ја зајакне свеста на младите и граѓаните за потребата од заштита на животната средина. се организираше во рамки на проектот „Активни граѓани и партципативна демократија на локално ниво“, поддржан од Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.