Screenshot (24)

Младинското учество не им е приоритет на локалните власти

на дек 27, 22 • од

Општините доцнат со формирањето локални младински совети (ЛМС) и канцеларии за млади според новиот закон за младинско учество. Единствен исклучок е Крива Паланка...
Pin It

Home » Активности, Анализи, Важни » Младинското учество не им е приоритет на локалните власти

МОНИТОРИНГ

ОПШТИНИТЕ И ЛОКАЛНИТЕ МЛАДИНСКИ СОВЕТИ

МЛАДИНСКОТО УЧЕСТВО НЕ ИМ Е ПРИОРИТЕТ НА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ 

 

  • Вклучувањето на младите на локално ниво се уште е во зародиш.
  • Општините доцнат со формирањето локални младински совети (ЛМС) и канцеларии за млади според новиот закон за младинско учество.
  • Онаму каде што има ЛМС, тие функционираат како комисии на советите, односно не се формирани според новиот закон. Единствен исклучок е Крива Паланка.
  • Активностите на постојните ЛМС се срамежливи и во текот на годината реализираат многу малку активности.
  • ЛМС немаат практика да им предлагаат на советите на општините иницијативи за поголемо младинско учество и вклучување.
  • Општините главно ја испочитувале обврската да назначат службеник за млади, но дел од нив досега не одржале ниту една средба со младите.
  • Во повеќето од мониторираните општини не се почитува законската обврска за младинско учество да се издвојува 0,1% од општинскиот буџет.
  • Речиси сите општини доцнат со донесување стратегија и акциски план за млади.
  • Општините не водат родово разделена статистика за мерките, како и за алокација на буџетските средства наменети за поддршка на младите.

 

Период: октомври – декември 2022 година

Мониторингот опфати седум општини: Куманово, Велес, Струмица, Крива Паланка, Свети Николе, Теарце, Маврово и Ростуше, а е во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.

Izvestaj_MLS

MLS_infografik

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top