Во соработка со НВО Инфоцентар од Скопје, на 03.12 2021 во домот на културата во с. Ростуше беше спроведена обука на млади на тема ,,Креативен еко активизам” со главна цел подигање на свеста на младите и поттикнување на поголемо учество и поголем ангажман во зачувувањето на животната средина во Општина Маврво и Ростуше.
Учесници на оваа обука беа учениците од четврта година од СОУ Маврово Ростуше, жители, засегнати страни, како и претставници на општината, односно Комуналниот инспектор и други вработени лица во општината. Младите беа обучени како на креативен начин да го искажат својот став за некоја тема или проблем, а посебен акцент беше ставен на проблематиката од еколошки карактер.
По презентацијата имаше и кратка дискусија за тоа на каков начин би можел да се реши проблемот со дивите депонии во Општина Маврово и Ростуше, како и на кој начин младите поактивно да се вклучат и придонесат за зачувувањето на животната средина.
Акцијата е дел од проектот Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво, поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме.