Долгогодишната идеја да се поттикне активно вклучување на младите во зачувувањето на животната средина, ЗЕУКС Тритон планира да ја реализира со воспоставување на доброволна младинска еко-патрола. За таа цел организацијата на 09.12.2021 година ја организира првата информативна работилница за регрутирање на активисти во еко-патролата која се одржа онлајн.
Здружението во текот на месец декември ќе одржи уште неколку онлајн работилници за запознавање на младите со терминот еко-патрола, целите, активностите, како и на кој начин таа ќе функционира се со цел да се мотивираат и приклучат кон оваа иницијатива.
Целта на оваа активност е преку методи на неформално образование и неформално учење да осигура додатна вредност на едукациската програма и учество, активни граѓани и социјално вклучување на младите во општествените текови на локалните заедници, овозможување на граѓаните преку личен ангажман полесно да ги пријават и решат еколошките проблеми од нивната непосредна околина и зголемување на свеста кај сите граѓани преку различни форми на едукација.
Еко- патролата ќе работи во рамките на здружението Зеукс Тритон, со сопствена програма која ќе се донесе заеднички од страна на сите членови. Членови може да бидат млади од 15 до 29 години исклучиво волонтерски. Зачленувањето ќе се спроведе преку електронски пат на социјалните мрежи и нашата веб страна на почетокот на 2022 година. Оваа еко патрола ќе работи на територијата на Општина Маврово и Ростуше и ќе понуди континуирана работа со почитување на личните обврски на секој член, акција на препознавање, лоцирање, превземање конкретни мерки и акција за чистење, санација и ревитализација на животната средина како и активно учество во општенствените текови поврзани со екологијата преку најразлични активности и нудење на соодветни решенија за да создадеме поединци кои се свесни за иднината и да дејствуваат на општествените промени кон одржлив развој во нивните локални заедници.
Активностите на еко-патролата ќе бидат теренска работа, работа во мали и големи групи, едукација на населението преку инерактивни презентации, организирање на еко акции, зголемување на концентрацијата и мотивацијата на членовите на еко патролата за привлекување на нови, превентивно и едукативно да ги анимира граѓаните на масовно и позитивно учество во програма за поубава и поздрава животна средина, прибирање на информации за работата на комуналното претпријатие и предлагање на измени доколку е потребно, мапирање на мали и големи диви депонии, водење на регистар за работата на еко патролата и други работи кои се поврзани со заштитата на животната средина.
Оваа акција се организира во рамките на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска