На 25 февруари 2020, ЕВРОТИНК – Центароt за европски стратегии и НВО Инфоцентарот јавно ја презентираа интернет -страницата посветена на процесот на пристапување кон ЕУ – eu.org.mk.
Оваа активност е во рамки на проектот “Ресурсна платформа за граѓани и медиуми – МК&EU”, дел од програмата CIVICA MOBILITAS, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СЦД), кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ Шведски развој АБ (ФЦГ Шведска).
На промоцијата, Франсоа Лефонд, советник на вицепремиерот за европски прашања, го истакна значењето на интернет-страницата како платформа на која граѓаните, новинарите, одлучувачите и граѓанските активисти ќе можат да најдат бројни информации и анализи поврзани со претпристапниот процес на државата кон ЕУ.