Рикардо Гутиерез, генерален секретар на Европската федерација на новинарите, во своето обраќање на конференцијата „Улогата на националните парламенти во медиумската регулатива во Европа“ во Истанбул, е загрижен за медиумските слободи во Европа. Како што вели во своето обраќање „мисијата на новинарите како чувари на демократијата станува неподносливо тешка“. Во редицата примери кои ја опишуваат влошената состојба во медиумите, Гутиерез и случаите во Македонија, Томислав Кежаровски и говорот на омраза кај Миленко Неделковски.
Според него, случајот со Кежаровски во Македонија е шокантен случај на истражувачки новинар кој добил затворска казна од 4 и пол години.
Осврнувајќи се на говорот на омраза во медиумите, Гутиерез ја зема Македонија како пример. “Поддржувачите на слободата на печатот во Македонија се предмет на ужасни закани со очигледно соучество на владата. Премиерот Груевски , кој е редовен гостин на ТВ емисии на Миленко Неделковски и кој не се двоуми да ја поттикнува омразата против независните новинари и критички интелектуалци. Цитирам еден од неговите последни говори : ” Крајно време е обвинителот да ги преземе неопходните мерки и да се заштити земјата и граѓаните против оние ѓубриња… Крајно време е Владата на Република Македонија ( … ) да го штити својот народ од овие инсекти (…). Ако владата и институциите не ги преземат неопходните законски мерки, Македонците ќе излезат надвор од правните институции и ќе ја исчистат ситуацијата ”.
Според Гутиерез, македонската влада наметнува подмолна цензура на печатот и купува молчењето на медиумите преку финансирање на јавни медиумски кампањи, а во исто време дава слобода на говорот на омраза. На конференцијата во Истанбул, која се одржува во организација на Поткомитетот за медиуми и информатичко општество при Парламентарот собрание на Советот на Европа, присуствувале претставници на медиуми и медиумски организации, граѓански организации и претставници на националните парламенти од земјите членки на Советот на Европа.
Интегралното обраќање ќе го најдете овде.
извор: Меѓународна федерација на новинарите