Untitled

МИНИ ПРИРАЧНИК ЗА МАКСИМУМ ЕФЕКТ

на дек 20, 22 • од

Социјалните медиуми и граѓанскиот активизам: Уникатна можност за ширење на вашата порака до светот! Последните години се наречени „ера на социјалните медиуми“, т.е. „ера на дигитализацијата“. Не постои некој кој не зборува за тоа, а компаниите ги базираат своите деловни модели на социјалните мрежи. Дали овие алатки може да се користат и во граѓанскиот / [&hellip...
Pin It

Home » Активности, Публикации » МИНИ ПРИРАЧНИК ЗА МАКСИМУМ ЕФЕКТ

Социјалните медиуми и граѓанскиот активизам: Уникатна можност за ширење на вашата порака до светот!

Последните години се наречени „ера на социјалните медиуми“, т.е. „ера на дигитализацијата“. Не постои некој кој не зборува за тоа, а компаниите ги базираат своите деловни модели на социјалните мрежи. Дали овие алатки може да се користат и во граѓанскиот / непрофитен свет?

Дали на секоја невладина организација и се потребни профили на социјални мрежи за да може нормално да функционира или пак тоа може да ви наштети на вашата мисија?

priracnik 2Овој мини прирачник дава увид на областа на управувањето со социјални медиуми, како и совети за да ги маневрирате, но истовремено и да извлечете максимум за вашата организација. Кои се добрите, а кои лошите страни на различните платформи и што можете Вие да користите.

Социјални медиуми за НВО – Зошто, Како и Кои?

Социјалните медиуми ви нудат шанса да ја претставите вашата работа на целиот надворешен свет, како и стапнувањето во контакт со своите поддржувачи, истомисленици, своите корисници, луѓето заинтересирани за вашата работа и активисти од целиот Свет. Профилите на социјалните мрежи ја немаат истата функција како веб страната, бидејќи како што и самиот збор сугерира тие се социјални. Целата поента на социјалните мрежи е да се искористи интерактивноста за да ја вклучите публиката која ќе стане дел од вашата работа. Ова е еден од главните начини профилите на социјалните мрежи да имаат дополнителна придобивка за невладините организации.

Симнете го Прирачникот за социјални медиуми.

Прирачникот е подготвен во рамките на проектот „Здружени за активно граѓанство“, поддржан од Европската Унија.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top