Извештај на Фридом Хаус за слободата на медиумите 2015
Македонија, според најновиот Извештај за слободата на медумите во 2015 година, на Фридом Хаус, се наоѓа на претпоследното место во Европа, единствено пред Турција, а на последното место во Балканот. И во светски рамки, Македонија како делумно слободна држава која во изминатите 10 години бележи континуиран пад на медиумските слободи, е рангирана речиси на дното и го зазема 125-то место, заедно со Украина.
Фридом Хаус, во својот извештај, меѓу другото констатира дека неколку земји од Западен Балкан, бележат загрижувачки тренд на кршење на слободата на медиумите во 2014 година, како и дека овие држави се соочуваат со неколку големи проблеми: користењето на законите за клевета и навреда од страна на политичарите и на бизнисмените, за да го сузбијат критичкото известување; провладините политики во јавните радиодифузни сервиси; притисоците врз уредниците и новинарите од страна на политичките лидери и приватните сопственици кои водат кон самоцензура; заплашувањето, заканите и нападите врз новинарите, не се процесираат и не се казнуваат; нетранспарентната и нејасна сопственичка структура на медиумите.
Интергалниот текст на Извештајот на Фридом Хаус може да го прочитате на овој линк: https://freedomhouse.org/sites/default/files/FreedomofthePress_2015_FINAL.pdf