newspapers-636189

Мониторинг: Медиумски закони и слободата на изразување – декември 2014

на дек 24, 14 • од

НВО Инфоцентарот, во рамките на Програмата на УСАИД за јакнење на независните медиуми и Проектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера кој го спроведува Центарот за развој на медиуми, реализира постојан мониторинг и анализа на јавната дебата во медиумите. Оваа анализа ја опфаќа примената на Законот за медиуми и Законот за аудио [&hellip...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Мониторинг: Медиумски закони и слободата на изразување – декември 2014

НВО Инфоцентарот, во рамките на Програмата на УСАИД за јакнење на независните медиуми и Проектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера кој го спроведува Центарот за развој на медиуми, реализира постојан мониторинг и анализа на јавната дебата во медиумите.

Оваа анализа ја опфаќа примената на Законот за медиуми и Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, како и темите поврзани со медиумските слободи и слободата на изразување воопшто.

Во мониторингот се вклучени 16 традиционални и нови медиуми – весници: Утрински весник, Нова Македонија, Дневник, Слободен печат и Вечер; неделници:Фокус; телевизии (централни информативни емисии): Канал 5, Сител,Телма, МРТ1 и 24 Вести, и портали:А1.он, Курир, Република, Плусинфо и НоваТВ.

Предмет на анализа се новинарските текстови и прилози, колумните, фотографиите и другите илустрации поврзани со написите и со темите вклучени во мониторингот, во периодот од 18 октомври до 26 декември 2014 година.

Медиумскиот интерес и покривањето на случајот на новинарот Томислав Кежаровски продолжи со неспласнат интензитет и во овој тримесечен период. Повеќето од набљудуваните медиуми, во исчекување на одлуката на Апелациониот суд во Скопје, редовно објавуваа прилози на оваа тема, како на пример: повикот на Организацијата на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕМО), апелот на Подгоричкиот новинарски форума до властите во Македонија да ги отфрлат сите обвиненија против новинарот Кежаровски, Декларацијата на ЗНМ за ослободување на Кежаровски.

Иако за повеќето од јавните настани, на теми поврзани со Медиумските слободи, состојбите со слободата на изразување, предизвиците во македонскиот медиумски простори и професионалноста во новинарството, имаше бројни написи и прилози, мора да се напомнат разликите во новинарскиот пристап и известувањето. Критичките медиуми се фокусираа на изјави на учесниците на овие настани кои отворено зборуваа за проблемите со кои се соочуваат медиумите и новинарите, додека провладините медиуми само ги пренесуваа најавите за настанот, известуваа дека настанот се одржал и притоа не информираа за текот и содржината на дискусиите.

Саморегулацијата во медиумската сфера полека влегува во фокусот на медиумите, и тоа преку одлуките и работата на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите и Советот на честа при ЗНМ. Повеќето споменувања, и на двата совети, е во форма на коментари и забелешки на донесените одлуки или на нивната работа. Дел од медиумите во своите коментари отворено ги критикуваа одлуките на Комисијата за жалби, или пак, ги обвинуваа, и Советот за етика и Советот на честа, за селективност во работењето.

Целосниот текст на анализата е објавен како Анекс 1 во четвртиот квартален извештај од набљудувањето на примената на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) и Законот за медиуми (ЗМ), набљудувањето на работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), на Собранието на Република Македонија, на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), како и работата на Македонската радиотелевизија (МРТ), кое го спроведува ЦРМ.

CRM_Izvestaj_Monitoring na AVMU, MIOA, MRT, sobranie i mediumi_ Dek 2014

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top