МЕДИУМСКО ОГЛЕДАЛО: Медиумите зачестено ја критикуваат владејачката коалиција

на мај 29, 08 • од

Како што се наближува крајот на предизборната кампања, така, во медиумите се зголемуваат критиките упатени на адреса на „Коалицијата за подобра Македонија“. Одбивањето на Груевски да се соочи со Шеќеринска, како и неговото исмејување на европаралментарецот Јелко Кацин, негативно се одразија врз медиумскиот имиџ на премиерот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » МЕДИУМСКО ОГЛЕДАЛО: Медиумите зачестено ја критикуваат владејачката коалиција

МЕДИУМСКО ОГЛЕДАЛО – ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2008

 

Одбивањето да се соочи со Шеќеринска, како и исмејувањето на Јелко Кацин, негативно се одразија врз медиумскиот имиџ на Груевски

 

Како што се наближува крајот на предизборната кампања, така, во медиумите се зголемуваат критиките упатени на адреса на „Коалицијата за подобра Македонија“. Иако, оваа коалиција и натаму доминира со медиумскиот простор, „Сонце – коалиција за Европа“ бележи помал број негативни оцени во медиумите. Одбивањето на Груевски да се соочи со Шеќеринска, како и неговото исмејување на европаралментарецот Јелко Кацин, негативно се одразија врз медиумскиот имиџ на премиерот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Честа мета на медиумска критика е и техничката Владата заради нагласената промоција на нејзините резултати и остварувања токму во предизборниот период.

Определени медиуми и натаму сосема отворено агитираат и ја поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ и техничката Влада. Тие нагласено афирмативно и интензивно информираат за активностите на членовите на владиниот кабинет кои истовремено се и носители на листите на коалицијата „За подобра Македонија“. На ваков начин овие медуми активно се вклучија во предизборната кампања особено затоа што не се ни обидуваат да направат ди­с­тинкција меѓу коалицијата и техничката Влада.

Медиумите на албански јазик останаа незаинтересирани за предизборните случувања и настани во македонскиот политички блок. Овие медиуми многу малку или воопшто не ги следат активностите на коалициите „За подобра Македонија“ и „Сонце – коалиција за Европа“.

Во овој период, медиумите со посебно внимание ги следаат и ги анализираат презентираните визии за политичката иднина на Македонија, на двете големи коалиции вклучени во изборите. Поголемиот дел од медиумите сметаат дека иднината на Македонија и националниот идентитет ќе бидат загрозени доколку државата остане во изолација односно надвор од НАТО и ЕУ. Помал е бројот на оние медиуми кои сметаат дека Македонија ќе го сочува националниот идентитет и ќе си ја обезбеди иднината доколку не направи компромис во спорот со Грција.

Ова се главните констатации на вториот извештај на „Медиумското огледало“ – мониторинг на медиумите во контекст на парламентарните избори 2008, кој го покрива периодот од 19 до 24 мај 2008 година. Во набљудувањето што го спроведува НВО инфоцентарот, вклучени се 12 медиуми („Вечер“, „Време“,„Дневник“, „Утрински весник“, „Коха“, „Шпиц“, ТВ „А1“, ТВ „Канал 5“, „МТВ 1“,„МТВ 2“- албански јазик, ТВ „Сител“ и ТВ „Телма“).

„Медиумско огледало -Парламентарни избори 2008“, извештај бр. 2 (511KB)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top