320px-Tobacco_Drying,_Kostinci

Мониторинг на медиумите за откупот на тутунот: Медиумите наместо да информираат – убедуваат

на мар 28, 11 • од

НВО Инфоцентарот и Центарот за нови медиуми, во рамките на програмата „Медиумско огледало“, финансиски поддржана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), спроведоа мониторинг на домашните телевизиски сервиси во периодот од 25 декември 2010 до 7 јануари 2011 година. Во рамките на мониторингот беа вклучени седум (7) телевизии со национална и сателитска дозвола: А1, [&hellip...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Мониторинг на медиумите за откупот на тутунот: Медиумите наместо да информираат – убедуваат

НВО Инфоцентарот и Центарот за нови медиуми, во рамките на програмата „Медиумско огледало“, финансиски поддржана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), спроведоа мониторинг на домашните телевизиски сервиси во периодот од 25 декември 2010 до 7 јануари 2011 година. Во рамките на мониторингот беа вклучени седум (7) телевизии со национална и сателитска дозвола: А1, Алсат М, Алфа, Канал 5, МТВ1, Сител и Телма. Мониторингот беше фокусиран на тоа како домашните телевизии известуваа за случувањата поврзани со откупот на тутунот, последичната „тутунска криза“ и протестите што тутунопроизводителите ги организираа во овој период.

Анализата недвосмислено покажа дека јавноста наместо да биде сеопфатно информирана за случувањата околу откупот на тутунот, таа е, всушност, поттикната да заземе страна спрема некој од засегнатите актери во настаните. Иако во информирањето беа вклучени сите релевантни фактори, нивните ставови и активности, сепак, забележана е пристрасноста во поголемиот број од прилозите. Како кумулативен ефект на пристрасноста се јавува видлива доминантност на ставовите и пораките на една од страните, што влијае врз тоа каква слика се оформува за самите настани. Во тој процес, нарушен е принципот на неутралност, а медиумите беа изместени од својата улога на информирање на јавноста во директни или индиректни актери во случувањата. Само дел од медиумите успеаја низ своите известувања да постават извесна професионална дистанца која не беше насочена кон тоа да ја мотивираат и да ја убедуваат публиката да зазема страна. Како што се компликуваа и разгоруваа проблемите со откупот на тутунот и продолжуваа протестите на дел од тутунопроизводителите, така и голем дел од медиумите ја интензивираа својата критичка реторика кон некоја од страните. Ова е еден од показателите за поврзаноста на медиумите со некој од инволвираните актери и нивната планска активност да влијаат врз публиката, односно врз формирањето на нејзините ставови. Клучниот проблем во ваква констелација на процесите е што прекршувањето на неутралноста и на професионалната дистанца влијае врз информативната функција на медиумите, како и врз квалитетот на информативните содржини. Новинарските содржини и уредувачкото насочување не водат сметка за тоа да се оформи заокружена слика за случувањата, при што треба да се почитува принципот на презентирање на сите факти, туку со разни техники и постапки нагласуваат определени аспекти и толкувања на настаните со цел да ги убедат гледачите во определен став или позиција.

Медиумско огледало 2011: Анализа на случајот „Тутунарите и откупот на тутун“ (421KB)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top