unnamed (5)

Медиумско огледало: Mедиумите ја фаворизираат владејачката коалиција

на мај 26, 08 • од

Пред официјалниот почеток на изборната кампања, како и во текот на кампањата, во медиумскиот простор, доминираат кампањите на техничката Влада, како и кампањата на ВМРО-ДПМНЕ со „Коалицијата за подобра Македонија“. Овие кампањи видливо го потиснаа присуството на другите коалиции и партии, учесници во Парламентарните избори ...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Медиумско огледало: Mедиумите ја фаворизираат владејачката коалиција

Пред официјалниот почеток на изборната кампања, како и во текот на кампањата, во медиумскиот простор, доминираат кампањите на техничкатаВлада, како и кампањата на ВМРО-ДПМНЕ со „Коалицијата за подобра Македонија“. Овие кампањи видливо го потиснаа присуството на другите коалиции и партии, учесници во Парламентарните избори 2008.

Во медиумите поголемо внимание и е посветено на коалицијата „За подобра Македонија“ отколку на „Сонце – коалиција за Европа“. Кај некои медиуми тој однос изнесува приближно 1 : 1,5 во корист на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За нарушувањето на балансот придонесуваат првенствено медиумите кои настапуваат во улога на коалициски партнери на коалицијата „За подобра Македонија“, како и оние медиуми кои и се наклонети на оваа коалиција.

Според медиумитеполитичките партии на македонските Албанци, во секој нов изборен циклус влегуваат во сè пожесток меѓусебен конфликт и сè поинтензивна меѓусебна вооружена и насилна пресметка. Оттаму, информирањето за овие две партии се одвива, пред се, низ призмата на предизборните вооружени инциденти.

Ова е само дел од резултатите на квалитативниот мониторинг на медиумите „Медиумско огледало – Парламентарни избори 2008“, кој го спроведе НВО Инфоцентарот,  во периодот од 5 до 17 мај, 2008 година, а во кој се вклучени 12 печатени и електронски медиуми („Вечер“, „Време“, „Дневник“, „Утрински весник“, „Коха“, „Шпиц“, ТВ „А1“, ТВ „Канал 5“, „МТВ 1“, „МТВ 2“ – албански јазик, ТВ „Сител“ и ТВ „Телма“).

Секојдневното набљудување и анализа на медиумите и нивната позиционираност во однос на политичките субјекти вклучени во Изборите 2008, ќе трае до средината на јуни. Вториот извештај на „Медиумското огледало“ ќе биде објавен на 2 јуни 2008.

„Медиумско огледало-Парламентарни избори 2008“, извештај бр. 1 (503KB)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top