НВО Инфоцентарот и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), со поддршка на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, во периодот од 21 до 22 октомври и од 30 октомври до 9 ноември 2008 година спроведоа мониторинг на медиумите фокусиран на информирањето за Извештајот на Европ-ската комисија за напредокот на Република Македонија во 2008 година.
Основната цел на ова набљудување на медиумите беше да се анализира квали-тетот на информациите објавени за Извештајот од страна на новинарите, Владата, политичките партии и од експертите.
Предмет на анализа беа написите во седум дневни весници (Утрински весник, Дневник, Вест, Вечер, Време, Нова Македонија и Шпиц) и централните инфор-мативни емисии на седум телевизии со национална и сателитска концесија (А1, Канал 5, Сител, Телма, МТВ 1, Алфа и Алсат).
Методологијата покажува каков е квалитетот на објавените информации од аспект на новинарските стандарди во информирањето, односно дали медиумите / новинарите во информирањето за Извештајот на Европската комисија користеле прецизни и јасно именувани извори, дали биле консултирани сите засегнати страни, какви новинарски жанрови се користеле, кои новинарски жанрови доми-нирале, каков бил односот спрема фактите и аргументите.
Едновремено, метoдологијата овозможува анализа врз содржината на инфор-мациите објавени во врска со Извештајот на Европската комисија, а изнесени не само од страна на новинарите, туку и од страна на Владата, политичките партии и на експертите. Анализирано беше нивото на разбирање на Европската унија и евроинтеграциските процеси, соодветноста на терминологијата и јазикот, како и нагласувањето на определени аспекти од Извештајот и евроинтеграциите воопшто.
Анализата на покажа дека јавноста доби доволно информации за Извештајот на Европската комисија, но поради отсуството на продлабочена анализа, просечниот граѓанин нема јасна слика и тешко може да изгради сопствен став за евроинтегративниот процес на Македонија.
Информирањето на медиумите за Извештајот, пред и по неговото објаву-вање, главно се сведе на пренесување изјави и ставови на Владата и на политичките партии застапени во Парламентот, како и на само неколкумина експерти.
Дополнителни забуни предизвикуваат и грешките кои постојано се провле-куваат во медиумите, како од страна на новинарите, така и од страна на политичарите и експертите. Грешките кои преовладуваат се: непознавање на реперите; мешање на реперите со политичкиот критериум; мешање на виз-ната либерализација со реперите итн.
Поголемиот дел од медиумите ги презентираа ставовите, и на власта и на опозицијата, но во неколку медиуми преовладуваа ставовите на Владата и притоа новинарите најчесто ги релативизираа критиките во Извештајот, а ги нагласуваа областите во кои е забележан напредок.
Медиумите и Извештајот на Европската Комисија за 2008 година (544KB)