iStock_000014849651XSmall-300x318

Манихејство, гладијаторство и топ-шоп популизам

на мај 7, 13 • од

Ваквото поведение на медиумите и на власта, за време на изборите, недвосмислено ги потврдува констатациите на релевантните домашни, но и меѓународни институции и организации, дека во Македонија слободата на медиумите секојдневно, засилено се влошува...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Манихејство, гладијаторство и топ-шоп популизам

МЕДИУМСКО ОГЛЕДАЛО – ИЗБОРИ 2013

Локалните избори поминаа во знакот на: интензивна негативна и дисквалификувачка кампања на владејачката коалиција „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ спрема опозицијата; засилена националистичка реторика на политичките актери во Кичево и во Струга; директно вклучување на власта во изборната кампања во корист на владејачката коалиција и пристрасно информирање на поголемиот дел од медиумите повторно во полза на владејачката коалиција.

Ваквото поведение на медиумите и на власта, за време на изборите, недвосмислено ги потврдува констатациите на релевантните домашни, но и меѓународни институции и организации, како на пример, американскиот Стеј Департмент, „Фридом Хаус“ и „Репортери без граници“, дека во Македонија слободата на медиумите секојдневно, засилено и драматично се влошува.

Ова се накусо заклучоците од анализата на медиумите „Медиумско огледало“, посветена на Локалните избори 2013 година, која беше реализирана во периодот од 11 до 15 февруари 2013 година (пред официјалниот почеток на изборната кампања) и од 18 до 23 март 2013 (последните пет дена од изборната кампања). Во мониторингот беа вклучени шест дневни весници („Утрински весник“; „Дневник“; „Вест“; „Вечер“; „Нова Македонија“, „Фокус“), и централните информативни емисии на седум телевизии со национална и сателитска концесија („ 24 Вести“; „Канал 5“; „Сител“; „Телма“; „МРТ1“; „Алфа“ и „АлсатМ“). Во рамките на овој мониторинг беа анализирани и изборните видео-спотови на владејачката коалиција „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на опозициската коалиција „Сојуз за иднината“, предводена од СДСМ, а беа анализирани и дел од предизборните говори на лидерите на владејачката коалиција и на опозицијата.

Целта на мониторингот беше да се анализира информирањето на медиумите за активностите на државните и на општинските власти за време на Локалните избори, да се детектира евентуалното директно или индиректно вклучување на властите во изборната кампања, да се утврди каков вид капања се практикуваше за време на Изборите 2013 година и кои беа главните пораки што му ги упатија партиските актери на гласачкото тело во Република Македонија, со посебен фокус на Кичево и Струга.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top