Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Институтот за човекови права, во соработка со Институтот за човекови права и мир од Каен, регион Долна Нормандија, во Република Франција, ќе организира летна школа за човекови права, за млади од двете држави.
На овогодинешната школа ќе бидат опфатени две генерални теми: слобода на изразување и слобода на медиуми, како и говор и криминал од омраза.
Школата ќе се одржи од 24 до 31 август 2015, во Охрид. Рокот за доставување апликации е до 1 август 2015 година.
Повикот е отворен за младите од Франција и од Македонија, на возраст од 18 до 24 години. Сите заинтересирани кандидати од Македонија треба да испрата апликација, кратка биографија и мотивациско писмо, на електронската пошта: jasmina.golubovska@mhc.org.mk.
Комитетот ги охрабрува сите млади без разлика на нивната етничка и религиозна припадност да се пријават на оваа школа, за да се дружат, учат и да се запознаат со младите од Франција. Јазиците на кои ќе се одвива школата се: англиски, француски, македонски и албански.
Подетални информации за школата моше да најдете на интернет страницата на Хелсиншкиот комитет: www.mhc.org.mk