ИСТРАЖУВАЊЕ 2

Компаративна Анализа на функционалност на комисиите за еднакви можности во Куманово, Струмица, Дебар и Свети Николе

на дек 20, 22 • од

Поаѓајки од фактот на јасно дефинираните законски обврски за поттикнување и за унапредување на родовата еднаквост помеѓу жените и мажите на локално ниво, Организацијата на жени од Струмица, Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе, Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово и здружението „Радика Де“ од Дебар извршија анализа на функционалноста на Комисиите за еднакви можности [&hellip...
Pin It

Home » Активности, Анализи » Компаративна Анализа на функционалност на комисиите за еднакви можности во Куманово, Струмица, Дебар и Свети Николе

Поаѓајки од фактот на јасно дефинираните законски обврски за поттикнување и за унапредување на родовата еднаквост помеѓу жените и мажите на локално ниво, Организацијата на жени од Струмица, Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе, Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово и здружението „Радика Де“ од Дебар извршија анализа на функционалноста на Комисиите за еднакви можности на жените и мажите (КЕМЖМ) при Советите на општините Струмица, Свети Николе, Куманово и Дебар.

ИСТРАЖУВАЊЕПредмет на оваа анализа е поставеноста и начинот на работење на КЕМЖМ (број и теми на одржани седници, соработката со координаторка за еднакви можности и со останатите комисии во рамки на Советот, соработка со граѓански организации и/или експерти во областа на родовите прашања, начин на креирање и спроведеување на родовите политики, покренати иницијативи за подобрување на родовата еднкавост итн).

Истражувањето е спроведено во текот на септември и октомври 2022, а го таргетира работењето на КЕМЖМ во период од декември 2021 до 31 август 2022 година.

Анализата се заснова на квантитативно и квалитативно истражување, преку користење различни методи и релевантни извори на информации. Во почетната фаза се направи деск-анализа на програмите и политиките на општините Струмица, Свети Николе, Куманово и Дебар, во областа на родовата рамноправност. За потребите на истражувањето, до четирите општини беа доставени унифицирани барања за пристап до информации од јавен карактер, а се организираа и интервјуа/разговори со претседателите и членови на КЕМЖМ, со координаторите за еднакви можности и со претставници на граѓански организации, врз основа на претходно дефинирани полуструктурирани прашања. Исто така, направена е и евалуација и собирање податоци од секундарни извори на информации – Државниот завод за статистика и Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија.

Од анализата на мерките и механизмите за унапредување на родовата еднаквост во општините Свети Николе, Дебар, Куманово и Струмица, може да се заклучи дека најголем дел од нив (три) располагаат со политики во наведната област, меѓутоа не постојат податоци и показатели за степенот на реализација и за влијанието од спроведувањето на тие политики. Општина Куманово не располага со политики за унапредување на родовата еднаквост.

Граѓаните немаат можност за информирање за конкретните мерки кои ги преземаат општините и советите за намалување на родовиот јаз на локално ниво.

Бројот на одржани седници на комисиите за еднакви можности на жените и мажите во општините Свети Николе, Струмица и Дебар не е на задоволително ниво. Овие комисии немаат реализирано ниту една заедничка седница со останатите комисии во рамки на советите на општините, а не направиле ниту проценка на родовата компонента на предлозите и материјалите на другите комисии.

КЕМЖМ немаат воспоставено формален механизам за консултација со граѓански организации и/или независни експерти за афирмација, спроцедување и следење на мерките и активностите во областа на еднкавите можности.

Ваквата состојба не придонесува доволно за намалување на родовата нееднаквост и затоа, потребно е да се подобри соработката меѓу КЕМЖМ со другите комисии и со граѓанските организации, да се зајакнат капацитетите на членовите на комисиите за концептите на родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање, како и за мониторинг и евалуација на родовата компонента во сите стратешки документи.

Целосниот текст на Анализата може да го симнете овде.

Овој документ е изработен во рамки на проектот на „Здружени за активно граѓанство“, кој го спроведува НВО Инфоцентар со поддршка од Европската Унија. Истражувањето за функционалноста на КЕМЖМ го спроведоа Организацијата на жени од Струмица, Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе, Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово и здружението „Радика Де“ од Дебар.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top