6991golema

НВО Инфоцентар и ЦРМ: Казната за Кежаровски – казна за слободата на изразување

на јан 16, 15 • од

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и НВО Инфоцентарот сметаат дека одлуката на Апелациониот суд, новинарот Томислав Кежаровски да биде осуден на две години затворска казна, претставува директна закана за новинарите, и директно загрозување на слободата на изразување и слободата на медиумите во Република Македонија...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » НВО Инфоцентар и ЦРМ: Казната за Кежаровски – казна за слободата на изразување

Колегата Кежаровски е осуден заради совесно и професионално вршење на основната новинарска задача – известување на јавноста за прашања од јавен интерес – како што е во случајов, разоткривањето на злоупотребите на институтот заштитен сведок од страна на полициските и правосудните органи. Пресудата против него всушност претставува казна за сите новинари кои истражуваат и информираат за работата, но и за злопотребите на полицијата, правосудните органи и другите државни и јавни институции.

Едновремено сметаме дека станува збор за скандалозна судска одлука која има политичка заднина, и која има за цел да ја заплаши и замолчи целокупната критичка јавност во државата. Се работи за цинична одлука според народната поговорка „и волкот сит и овците на број“, која на власта ѝ овозможува да тврди дека во Македонија нема новинари во затвор и дека барањето за пуштање на Кежаровски на слобода било испочитувано.

Затоа, ЦРМ и НВО Инфоцентарот бараат Врховниот суд во најкус можен рок да донесе одлука со која се ослободува Кежаровски. Само со ослободителна пресуда, правдата ќе биде задоволена и ќе биде ублажена ненадоместливата штетата која им е нанесена како на Кежаровски, така и на слободата на изразување и слободата на медиумите во државава.

ЦРМ преку програмата за бесплатна правна помош за новинарите, ќе продолжи да ја поддржува борбата на Томислав Кежаровски да биде ослободен од обвиненијата.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top