Screenshot (37)

Јавна расправа: „Подобрување на управувањето со отпад во Крива Паланка “

на ное 26, 20 • од

РЦС„Спектар“, во соработка со општина Крива Паланка, ЈП„Комуналец“ и НВО Инфоцентар, на 25 ноември 2020 година, организираше онлајна јавна расправа на тема „Подобрување на управувањето со отпад во Крива Паланка - услуги и соработка со граѓаните“...
Pin It

Home » Активности » Јавна расправа: „Подобрување на управувањето со отпад во Крива Паланка “

РЦС„Спектар“, во соработка со општина Крива Паланка, ЈП„Комуналец“ и НВО Инфоцентар, на 25 ноември 2020 година, организираше онлајна јавна расправа на тема „Подобрување на управувањето со отпад во Крива Паланка – услуги и соработка со граѓаните“.

Целта на јавната расправа беше да се утврдат расположивите ресурси и потребите за подобрување на управувањето со отпадот во Крива Паланка, како и зголемување на јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина.

На расправата учествуваа градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, директорот на ЈП„Комуналец“, Миле Марковски, претставници на инспекциските служби, претставници на рурални заедници, претставници на граѓански организации и граѓани.

Јавната расправа е дел од активностите во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, кој го спроведува НВО Инфоцентар од Скопје, со поддршка на Меѓународната фондација „Улоф Палме“ од Шведска.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top