Истражувањето „Каков попис и избирачки список ѝ се потребни на Република Македонија?“се однесува на постојните модели на спроведување пописи (традиционален, базиран на регистри и комбиниран) и нивната применливост, иницирано од најавата на Премиерот за „електронски попис“ во државата, на евентуалната поврзаност на пописот со прочистувањето на избирачкиот список, како и на можните начини за ефикасно прочистување на избирачкиот список.
Истражувањето е базирано на деск-анализа и на интервјуа со стручњаци, креатори на јавното мислење и политичари. Во подготовката на овој документ учествуваа: м-р Бојан Маричиќ, м-р Љупчо Петковски, Билјана Бејкова и Христена Антовска Јованчева.
Истражување: Каков попис и избирачки список ѝ се потребни на Република Македонија?