13178555_1156499541069529_5337693737903456111_n

Истражувачко новинарство за поттикнување реформи

на мај 5, 16 • од

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), НВО Инфоцентарот и Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) започнаа со реализација на тригодишниот проект: „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиски поддржан од Европската Унија...
Pin It

Home » Активности » Истражувачко новинарство за поттикнување реформи

 

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), НВО Инфоцентарот и Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) започнаа со реализација на тригодишниот проект: „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“.

Медиумите во Македонија не успеаваат да ја играат суштинската улога на „кучиња чувари“ односно да ги откриваат и анализираат прашањата од јавен интерес и да бараат одговорност од носителите на власта. Во услови на влошување на ситуацијата во медиумите, во комбинација со недоволен новинарски кадар и ограничени ресурси, постои значителен недостиг од истражувачко известување како една од најмоќните алатки за барање одговорност од властите.

Целта на проектот е создавање јадро на добро обучени истражувачки новинари, како и мрежа од локални граѓански организации во земјата кои преку сопствената работа и  соработка ќе придонесат за подобрување на истражувачкото новинарско известување и секако ќе придонесат за подобро информирање на јавноста.

Очекуваните резултати од проектот се:

!. Поквалитетно и покредибилно истражувачко новинарство базирано на факти преку унапредување на знаењата, вештините и алатките за истражување на новинарите;

2. Ефикасно партнерство меѓу граѓанските организации и медиумите за поголема достапност на информации засновани врз темелно и конзистентно истражувачко новинарство;

3. Креирани десетици бази на отворени податоци од страна на граѓански организации за поддршка на нивните активности и за создавање ресурси за истражувачко новинарство; подобро и посуштински информирани граѓани за прашања од важност при носењето одлуки.

Активностите ќе опфатат серија на медиумски мониторинзи за проценка на квалитетот и квантитетот на истражувачкото новинарство што ќе послужат како основа за прилагодување на тренинг програмите кон реалните потреби; серија на интензивни тренинг програми за истражувачко новинарство со фокус на доброто владеење; редовното менторирање и подучување на истражувачки новинари; учество на најдобрите истражувачки новинари на регионални конференции и школи за стекнување продлабочени знаења, споделување искуства и вмрежување; јавни дебати за улогата на истражувачкото новинарство; доделување грантови, обуки и менторирање на локални граѓански организации во подготовка на бази на отворени податоци за важни општествени прашања на локално ниво; подготовка на дополнителни бази на отворени податоци за важни општествени процеси и прашања на национално ниво; серија работилници за поголема соработка на новинарите и граѓанските организации во интерес на истражувачкото новинарство; воспоставување на јадро на граѓански организации и новинари кои ќе се залагаат за поголема транспарентност, отчетност и одговорност на властите.

Проектот е финансиран од Европската Унија.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top