Локалните власти се исклучително значајна алка во евро-интегративните процеси. Креирањето и спроведувањето на политики согласно реалните потреби на локално ниво, кои би биле по мерка на граѓаните, се обврска, но и право, за активна вклученост на ЕЛС во интеграцијата на РСМ во ЕУ. До 2020 година, за општините се достапни средства во рамки на ИПА 2 (преку секторот за Регионална и територијална соработка), како и во Програмите на Унијата во кои учествува РСМ.
Достапните европски фондови се алатка за локален развој преку кој општините би овозможиле подобар живот на граѓаните и би се забрзал влезот на РСМ во ЕУ. Учеството во програмите и проектите на ЕУ подразбира континуирано унапредување на состојбите и креирање на практики кои би ги воделе општините и по влезот во ЕУ.
Овозможениот пристап не подразбира соодветно учество и апсорпција на средства за развој. Општините се суштински двигател на развојот на локално ниво, но за постигнување на реални ефекти неопходно повеќеслојно зајакнување на ЕЛС со фокус на стратешко планирање, внатрешни капацитети и соодветна поставеност за ЕЛС.
- Јасно отсликување на европските стратешки документи во развојниот контекст на општините (стратегии за ЛЕР, АП за соработка со ГО, бизнис сектор)
- Цврста определба и јасна перцепцијата за придобивките од учество на ЕЛС во ЕУ програми и проекти
- Активна улога на ЕЛС во процесите на планирање и програмирање на ЕУ фондовите и севкупната европската интеграција на РСМ
- Меѓу-институционална и меѓу-секторска соработка со чинители на локално и национално ниво (ГО, јавни установи, бизнис сектор)
Внатрешни капацитети и институционална поставеност на ЕЛС:
- Професионални организациски единици (одделенија и сектори) за планирање, подготовка и спроведување на ЕУ други развојни проекти
- Техничко-административни капацитети за подготовка и спроведување на европски проекти, степенот на информираност и можностите за стручно усовршување и обука
- Планови за обука, континуирано градење но и задржување на кадрите кои управуваат европски проекти
- Свесноста за важноста на улогата на организациските единици кои работат на ЕУ фондови во рамки на општините.
- Свесност за неопходноста од добро познавање на процедурите, потребата за обезбедувањето сопствени средства за кофинансирање, градењето и одржувањето на партнерствата.