protest_neshkovski_galerija_5-5-15-10-600x400

Хелсиншки комитет: Извештај за човековите права (април-мај 2015)

на јун 23, 15 • од

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија го објави двомесечниот извештај за состојбата со човековите права во државава за периодот април - мај 2015 година. Извештајот опфаќа повеќе теми на нарушување на демократските принципи, како ограничување на слободата на изразување и здружување...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Хелсиншки комитет: Извештај за човековите права (април-мај 2015)

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија го објави двомесечниот извештај за состојбата со човековите права во државава за периодот април – мај 2015 година. Извештајот ги опфаќа темите: Прекумерна употреба на сила за време на протестот на 05.05.2015 година; Ограничување на правото на мирен собир и јавен протест; Средношколски Пленум; Локален референдум „Го сакам ГТЦ“; Неуставен избор на министерот за внатрешни работи; Македонија не го штити правото на живот и врши тортура врз мигранти и бегалци; Случај Тамара Димовска; Слобода на изразување, говор и криминал од омраза.

Од комитетот изразуваат загриженост за зголемувањето на притисоците врз критичката јавност и активистите во државата во услови на политичка криза. Во изминатите два месеци се забележува заострување на јавниот говор и отворени закани упатени до критичните медиуми, новинари и активисти. Имено, Комитетот реагираше до јавноста за случаите поврзани со заканите по животот упатени до новинарот Борјан Јовановски и физичките напади врз активистите Славчо Димитров, Бранко Тричкоски и Никола Наумовски. Покрај овие инциденти, забележан е изразен говор на омраза на социјалните мрежи и фан-страница на Миленко Неделковски како и интернет базираните медиуми, инфомакс и доказ.мк. Имајќи ги предвид инцидентите сторени од омраза против членови на опозициските партии, Комитетот повикува на поголема смиреност и култура во изразувањето со цел вербалното да не премине во физичко насилство и предизвика поголеми општествени последици.

Прочитајте го целосниот извештај: Двомесечен извештај април-мај 2015

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top