semejno_nasilstvo_flaer_predna

Граѓанските организации бараат функционален систем за заштита од семејно насилство

на ное 13, 14 • од

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и ХЕРА бараат од надлежните детална истрага преку која јавноста ќе дознае кои се институциите и вработените кои не постапиле стручно и професионално и не ги почитувале протоколите за заштита од семејно насилство поради што животот го загубија тројца граѓани во Кавадарци...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Граѓанските организации бараат функционален систем за заштита од семејно насилство

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и Асоцијација за здравствена едукација ХЕРА со остри реакции кон надлежните по трократното убиство во Кавадарци. Бараат Министерството за труд и социјална политика да иницира детална истрага преку која јавноста ќе дознае кои се институциите и вработените кои не постапиле стручно и професионално и не ги почитувале протоколите за заштита од семејно насилство поради што животот го загубија тројца граѓани.

Од ХЕРА потенцираат дека во последните случаи на убиства што се случиле како последица на семејно насилство, надлежните институции не само што не презеле мерки за спречување на убиствата, туку не биле преземени ниту конкретни мерки за нивно расветлување. Најголем дел од своите забелешки и прашања за институционалните пропусти ги упатуваат на Министерството за труд и социјална политика, која го води националното координативното тело за заштита од семејно насилство, во кое членуваат сите надлежни министерства.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top