Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), НВО Инфоцентарот и Осми Септември, во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество спроведуван од Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), го реализираат проектот „Граѓаните за демократски реформи“.
Општа цел на проектот е:
Да се зголеми нивото на демократија во Македонија преку суштинско користење на механизмите со кои Европската унија придонесува кон трансформација државите кандидатки.
Конкретни цели: 1) Да се зголеми вклученоста на граѓанското општество во реформската рамка со која ЕУ го олеснува решавањето на политичката криза 2) Да се подобри квалитетот на реформската рамка преку нејзино дизајнирање на начин кој ќе ги отсликува потребите и интересите на граѓаните за подемократско општество.
Очекувани резултати: 1. Подигната свест за можностите на реформските механизмите на ЕУ за демократизација на државата и општеството 2. Зголемен капацитет на граѓаните (граѓански организации, активисти, неформални граѓански групи) за мониторирање, предлагање решенија и активизам 3. Создадена неформална и кон проблеми ориентирана платформа на граѓани, која заеднички ќе влијае врз реформската рамка во поглавјата 23 и 24 со тоа залагајќи се за демократизација на општеството. 4. Извршено влијание врз квалитетот на реформите за демократизација на општеството.