DSC_0873

Граѓаните и локалните инспектори заеднички ќе ги решаваат проблемите

на јул 21, 22 • од

За да се обезбедат  подобри услуги и задоволување на потребите на  заедницата, граѓаните и локалните инспектори треба да соработуваат  и заеднички да се справуваат со  проблемите, e генералниот заклучок на отворените средби помеѓу локлните сектори за инспекциски надзор во општините Струга, Куманово, Крива Паланка и Свети Николе и граѓанските организации и граѓаните од овие општини. [&hellip...
Pin It

Home » Активности » Граѓаните и локалните инспектори заеднички ќе ги решаваат проблемите

За да се обезбедат  подобри услуги и задоволување на потребите на  заедницата, граѓаните и локалните инспектори треба да соработуваат  и заеднички да се справуваат со  проблемите, e генералниот заклучок на отворените средби помеѓу локлните сектори за инспекциски надзор во општините Струга, Куманово, Крива Паланка и Свети Николе и граѓанските организации и граѓаните од овие општини.

На инфо средбите „Запознај го својот инспектор“, граѓаните имаа можност да се запознаат одблиску со работата, надлежностите и постапките на локалните инспектори од областа на животната средина, домувањето, градежната и комуналната инспекција и инспекцијата за патен сообраќај. Истовремено, тие се интересираа за повеќе прашања околу дивите депонии, проблемите на станарите во колективните згради, управувањето со јавните локалитети, сообраќајот, градбите, но и за процедурите околу транспарентноста на инспекторите и двонасочната комуникација со јавноста.

Генералниот заклучок е дека на граѓаните им треба поддршка за да бидат информирани и добро упатени кои се надлежностите на локалните инспектори, затоа што се случува за било каков проблем да се обраќаат до оваа институција. Одредени постапки, пак, вклучуваат и други институции со кои тешко се воспоставува координација, заради што локалните инспектори се ставаат во незавидна ситуција, граѓаните трпат и се трупаат проблемите.

294671981_5586774278042032_8013436073301174593_n

„Граѓаните пријавуваат проблеми за кои ние немаме надлежности или пак доставуваат анонимни пријави за кои не сме законски обврзани да постапуваме. Но, ние ги процесуираме сите, излегуваме на терен и за  се што е во наша надлежност  водиме постапки. Но, граѓаните мора да разберат дека има предмети каде надлежностите се испреплетуваат, потребна е координација со повеќе институции, се наидува на многу проблеми, законски недоследности, така што одредени постапки се доведуваат во „корсокак“. Потребен ни е добар систем, добри одлуки и решенија на законодавните и одлучувачки инситуции и органи за да се остранат  сите пречки на кои наидуваме во работата, но и соработка со граѓаните за поефикасно справување со проблемите“, вели Бобан Бојковски, раководител на Секторот за инспекциски надзор во општина Куманово.

Голем интерес од страна на граѓаните беше покажан за законот за домување и проблемите околу управувањето  и заедничкото одржување на  колективните згради.

Отворените средби покажаа дека е неопходно зајакнување на соработката на локалните инспекциски служби и граѓаните за заедничко адресирање на проблемите и  аргументирано барање за решавање на системските пропусти, кои ги оневозможуваат позитивните промени во заедницата.По инфо сесиите на кои се запознаа со работата на локалните инспектори, граѓаните, пак, покажаа разбирање за сите предизвици и законски недоследности со кои се соочуваат инспекторите од општината. Нивен заеднички став е дека треба да се борат против лошите одлуки на системот и да барат соодветни  решенија од одговорните во државата и локалните самоуправи.

Граѓаните, но и локалните инспектори, дадоа повеќе препораки за надминување на институционалните „лавиринти“  за подобри услуги и квалитет на живот. Меѓу нив се и зголемување на независноста и самостојноста на инспекциските служби, но и на нивната безбедност на терен, а  истовремено  поголема јавност и транспарентност на инспекцискиот надзор.

Инфо-средбите се дел од проектот „Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните“, што го спроведува НВО Инфоцентар од Скопје, во партнерство со РЦС„Спектар“ од Крива Паланка и Центарот на заедницата на општина Струга, со поддршка од програмата Цивика Мобилитас.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top