Screen-Shot-2014-09-26-at-15.44.36

Град Скопје: Анализа на капацитети за искористување и програмирање на ИПА фондови

на мај 28, 18 • од

НВО Инфоцентарот, во соработка со Организацијата на жени од Струмица, ја подготви стидијата: „Капацитети за искористување и програмирање на ИПА фондови на локално ниво - Студија на случај: Град Скопје“. Овој документ е дел од серијата студии на случај, во кои покрај Градот Скопје, вклучени се и општините Струмица, Битола и Тетово, и во кои се анализираат и оценуваат постојните капацитети на општините за искористување и програмирање на ИПА фондовите. Истовремено, овие студии ја анализираат соработката на општините со граѓанските организации и нудат препораки за зголемена апсорпција на европските фондови и подобра соработка со граѓанскиот сектор на локално ниво...
Pin It

Home » Анализи » Град Скопје: Анализа на капацитети за искористување и програмирање на ИПА фондови

НВО Инфоцентарот, во соработка со Организацијата на жени од Струмица, ја подготви студијата: „Капацитети за искористување и програмирање на ИПА фондови на локално ниво – Студија на случај: Град Скопје“.

Овој документ е дел од серијата студии на случај, во кои покрај Градот Скопје,  вклучени се и општините Струмица, Битола и Тетово, и во кои се анализираат и оценуваат постојните капацитети на општините за искористување и програмирање на ИПА фондовите. Истовремено, овие студии ја анализираат соработката на општините со граѓанските организации и нудат препораки за зголемена апсорпција на европските фондови и подобра соработка со граѓанскиот сектор на локално ниво.

Клучни наоди

Генералната оценка за досегашниот перформанс на Град Скопје, во поглед на неговите капацитети за искористување и програмирање на ЕУ фондовите, се карактеризира со најдобар учинок во национални рамки. Имајќи ги предвид, големината на Градот, буџетот со кој располага и можностите за апсорпција на дополнителни средства за развојни интервенции, има простор за значаен напредок и зголемување на процентот на искористеност на достапните фондови.

Анализата покажува дека Град Скопје има делумно пасивен и стратешки недоволно фокусиран пристап во обезбедувањето донаторски средства. Самоиницијативноста е помала, за разлика од инерцијата на приклучување кон партнерства кои се надградуваат на постојни проекти или приклучување кон проекти кои се резултат на веќе воспоставени партнерства и мрежи. Иако стратешката рамка на Град Скопје целосно соодветствува со програмските приоритети на ЕУ програмите, досегашното ограничено учество во ИПА програмите е разултат на ограниченоста на расположливи човечки ресурси и искуство за зголемена апсорпција на фондови од ЕУ проекти, како и немањето континуитет во градење на капацитетите. Постојните модели на соработка со засегнатите чинители на локално и национално ниво, не бележат значајни успеси. Стагнира и промоцијата на придобивките од учеството на Градот во програмите на ЕУ, преку кои, заедно со останатите скопски општини, јавните претпријатија, граѓанските организации, академската заедница и бизнис секторот може да се реализираат низа стратешки развојни иницијативи.

Во Град Скопје постои политичката волја за подобрување на состојбата. Предност е тоа што и покрај ограничениот број вработени лица, има неспорна експертиза и искуство кои треба да се стават во служба на ефективниот и ефикасен локален економски развој, кој треба да се рефлектира во новата стратешка рамка која е во фаза на изработка. Градот Скопје смета дека граѓанските организации и останатите засегнати страни, можат да бидат корисни партнери во изработката и реализацијата на проекти во рамки на програмите на ЕУ. Во моментов, единствен систематизиран модел на соработка со граѓанските организации е годишната програма за финансирање локални граѓански организации, во вкупен износ од само два милиони денари.

Граѓанските организации, пак, констатираат дека во моментов Градот не покажува голема волја и проактивност за соработка и сугерираат заедничка подготовка на нова стратегија која ќе содржи конкретни модели, мерки и активности за подобрување и засулување на меѓусебната соаработка. Активистите, исто така, сметаат дека во иднина, треба заеднички со Градот да подготвуваат и аплицираат проекти во рамки на ЕУ фондовите. Ваквото партнерство ќе биде од корист и за двете страни. За граѓанските организации, тоа меѓу другото, ќе значи и обезбедување средства за ко-финасирање.

Препораки

Постојната политичка волја во Град Скопје треба да биде преточена во конкретни мерки и активности кои ќе водат кон зголемено искористување на фондовите што ги нуди Европската Унија. Градот треба да креира и спроведува континуирана и системска промоција на придобивките од учеството во програмите на ЕУ, како за ГС, така и за јавните претпријатија, граѓанските организации, бизнис секторот и граѓаните во целина.

Пристапот до ЕУ фондовите подразбира преземање низа подготвителни чекори, вградени во кохерентни развојни рамки, во кои прецизно ќе се идентификуваат потребите за надградба на постојните капацитети. За таа цел, Град Скопје треба континуирано да ги гради капацитетите на градската администрација односно на проектните тимови и вработените во Секторот за меѓународна соработка и Секторот за локален економски развој.

Во моментов, приоритетни области за надградба се: детално запознавање со програмите и фондовите на ЕУ, подготовка на проекти, проектен менаџмент и спроведување на ЕУ проекти, запознавање и примена на процедурите за набавки според ПРАГ, финансиско раководење, комуникација и промоција на проектни резултати, јавно застапување и креирање политики базирани на докази. Капацитетите за искористување и програмирање на ЕУ фондови, треба да бидат соодветно систематизирани и во служба на стратешките развојни приоритети на Град Скопје. Затоа, потребен е ефикасен интерен систем, соодветна организациска поставеност, соодветни човечки ресурси и мандат за следење, мониторинг и надградба.

Исто така, потребна е и континуирана промоција на принципот на партнерство на проекти и дефинирање на стратешки партнери за аплицирање и спроведување на меѓународни проекти во служба на локалните развојни цели. За унапредување на соработката со граѓанските организации, потребна е и изработка на стратегија за соработка и поддршка на граѓанскиот сектор. Нејзиното изготвување и нејзината реализација мора да бидат инклузивни односно со директно и постојано учество на граѓанските организации. За унапредување на состојбите, потребен е и редовен пристап до информации за сите програми на ЕУ и други меѓународни институции, јавни повици-тендери, како и обезбедување поголеми средства од буџетот на Градот, за поддршка на процесот на подготовка на проектната документација и успешен настап на распишаните конкурси и истовремено обезбедување средства за кофинансирање на дел од одобрените проекти

 

Целосен текст на анaлизата: Капацитети за искористување и програмирање на ИПА фондови на локално ниво – Студија на случај: Град Скопје

Оваа студија е подготвена во рамки на проектот „Локален консултативен механизам ИПА2“, финансиран од Европската Унија.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top