48891733_10157097455666995_2399916889078759424_n (1)

Форум: Судирот на интереси во власта – тенката линија до корупција

на дек 21, 18 • од

НВО Инфоцентар и Транспарентност Македонија, на 21 декември 2018 година, организираа тематски форум на кој се дискутираше за ефикасните начини за борба против судирот на интереси...
Pin It

Home » Активности » Форум: Судирот на интереси во власта – тенката линија до корупција

НВО Инфоцентар и Транспарентност Македонија, на 21 декември 2018 година, го организираа тематскиот форум: „Судирот на интереси во власта – тенката линија до корупција“.

На форумот учествуваа: Вања Михајлова, експертка, Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации, Роберт Поповски, министер за транспарентност, отчетност и комуникации, и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

Овој форум беше организиран заради сѐ почестото преплетување на јавните и приватните интереси во Република Македонија, како и потребата од зголемување на одговорноста, транспарентоста и отчетноста на избраните и именувани функционери и други службени лица. Оттаму, главниот фокус на дискусијата беше како можеме успешно и ефикасно да се бориме против судирот на интереси и како да ги избереме најсоодветните средства за создавање „општество на доверба”, а не „општество на недоверба”.

Тематскиот форум е дел од проектот „Граѓански организации и медиуми против корупцијата: Коалиција за нулта толеранција“, финансиски поддржан од Европската Унија.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top