Проект ЕУ – Кавадарци во соработка со НВО Инфоцентарот на 29 ноември, организираше форумска дискусија за проблемите и потребите на младите од Кавадарци, реализирана во рамки на проектот “Активни граѓани за пертиципативна демократија на локално ниво”, поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме.
На форумската дискусија учествуваа дваесетина млади од Кавадарци, Претседателот на Советот и други претставници на Општината.
По завршувањето на форумската дискусија, експертскиот тим на НВО Инфоцентар одржа консутативна средба со активистите на Проект ЕУ, посветена на градење капацитети на организацијата за јавно застапување.