Коалицијата „Форум за граѓански дијалог“ која ја сочинуваат НВО Инфоцентар, МКЦ – Битола, Мултикултура, Гласен Текстилец, ЦЗО Струга, ГИЖ Свети Николе, Спектар, ЦРМ и Идеа Плус, во периодот јули-декември 2022, спроведе мониторинг за информирањето, комуникацијата и граѓанското учество во носењето одлуки во општините Битола, Штип, Тетово, Струга, Центар, Крива Паланка, Свети Николе, Демир Хисар и Крушево.
Целта на мониторингот беше да согледаме колку општините ги исполнуваат своите законски обврски во поглед на квалитетот на информациите, ефикасноста на услугите и организираните форми на граѓанско вклучување за клучните приоритети од интерес на целата заедница, како и дали и на кој начин го реализираат проритетите на граѓаните.
Форумот за граѓански дијалог ги анализираше општинските интернет-страници, достапните алатки и механизми за информирање, комуникација и вклучување на граѓаните, е-услугите, родово-разделените статистики, изготвувањето на општинските буџети и граѓанските предлози и приоритети. До општините беше доставено и барање за пристап до информации од јавен карактер, а беа реализирани и средби со претставници на општинската администрација.
Мониторингот се реализираше во рамки на проектот „Граѓанска алијанса за прогресивни промени на локално ниво“, финансиски поддржан од меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.
Интегрален извештај FGD_Monitoring opstini 2022
Извештај на албански јазик ALB_Monitoring_opstini