ЕУ – Исклучиво во контекст на дневнополитичките настани

на јул 11, 11 • од

НВО Инфоцентарот, во соработка со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), а со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), и во 2011 година го мониторира квалитетот на информирањето на медиумите за евроинтеграциските процеси на Република Македонија. Во мониторингот се вклучени 8 дневни весници („Утрински весник“, „Дневник“, „Време“, „Нова Македонија“, „Шпиц“, „Вечер“, „Вест“ [&hellip...
Pin It

Home » Uncategorized » ЕУ – Исклучиво во контекст на дневнополитичките настани

НВО Инфоцентарот, во соработка со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), а со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), и во 2011 година го мониторира квалитетот на информирањето на медиумите за евроинтеграциските процеси на Република Македонија.

Во мониторингот се вклучени 8 дневни весници („Утрински весник“, „Дневник“, „Време“, „Нова Македонија“, „Шпиц“, „Вечер“, „Вест“ и „Коха“) и централните информативни емисии на 7 електронски медиуми („А1“, „Канал 5“, „Телма“, „Алфа“, „Сител“, МТВ1 и Алсат – М“).

Овој извештај го опфаќа периодот од 10 февруари до 20 април 2011 година. Мониторингот се одвива со динамика: понеделник – среда – петок за електронските и вторник – четврток – сабота за печатените медиуми.

Во периодот опфатен со овој мониторинг, медиумите пренесоа различни видувања и ставови на претставниците на власта и опозицијата, информираа за ставовите на претставниците на ЕУ и на САД, ги консултираа дипломатитево земјава, се повикуваа на експертски мислења и др. Новинарите коментираа и даваа сопствени мислења, а притоа често се повикуваа на официјални соопштенија од ЕУ.

Сепак, генерален впечаток и заклучок од кој не можеме да побегнеме е дека дебатата за ЕУ беше ставена исклучиво во контекст на дневнополитичкитенастани, за што говори фактот дека помалку од 1 процент од анализираните текстови се однесуваат на конкретни реформи и проекти кои одат во насока на приближување кон ЕУ. Во медиумите имаше многу информации, но со оглед на непостоењето продлабочена анализа, а честопати и поради тоа што различни медиуми пласираа различни, па дури и противставени информации, за некои од темите јавноста не ги доби одговорите на сите отворени прашања.

Некои од медиумите застанаа отворено во одбрана на агендата на власта и најголем дел од својот простор го отстапија на нејзините претставници. Претставниците на меѓународната заедница кои отворено ја критикуваа Владата, како Талер, Кацин, амбасадорите Рикер и Фуере, беа цел на оркестрирана дискредитација од страна на новинари и интелектуалци блиски до власта, а во медиумите блиски до Владата ним им беа противставенинивните колеги - европратениците Поселт и Кукан.

Анализата покажа дека најеклатантен пример на тенденциозно информирање со цел да се дефокусира јавноста е известувањето околу посетата на Баросо на Македонија. Во пресрет на посетата на Баросо, повикувајќи се на неименувани извори, провладините медиуми најавија дека претседателот на Европската комисија доаѓа со понуда за скрининг-процес. По изјавите на Баросо, предавањето кое го одржа пред широка публика и, особено, по излегувањето на официјалните соопшенија на ЕК стана јасно дека ниту ќе има скрининг-процес, ниту најавениот пристапен дијалог со фокус на политичките критериуми треба да се гледа како успех.

Анализата на медиумските содржини во периодот покриен со овој мониторинг покажа и недоволно познавање на прашањата поврзани со ЕУ. Тоа беше највпечатливо во известувањето на определени медиуми кои не правеа разлика меѓу кандидатски статус и препорака за почеток на преговори. Овие медиуми грешеа затоа што ја информираа јавноста дека Македонија може да го изгуби кандидатскиот статус, што формалноправно не е можно. Можно е ЕК во Извештајот, кој ќе биде публикуван во октомври 2011 година, да заклучи дека Македонија, поради назадување во реформите потребни за напредок во европската интеграција, особено во делот на демократијата и човековите права, не го исполнува политичкиот критериум, со што практично ќе биде суспендирана препораката за почеток на преговори.

Мониторинг на медиуми, ЕУ 2011 – Извештај бр. 1 (405KB)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top