web-baner-130-crno

ENGAGE 2014

на јун 10, 14 • од

Младинскиот образовен форум го најавува третото издание на конференцијата за друштвен активизам ENGAGE, на 14 јуни 2014, во Македонската опера и балет...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » ENGAGE 2014

logo ENGAGE 2014 so kategorii-Social activismМладинскиот образовен форум го најавува третото издание на конференцијата за друштвен активизам ENGAGE, на 14 јуни 2014, во Македонската опера и балет.

Со третото издание на ENGAGE, конференција за друштвен активизам , Младинскиот образовен форум (МОФ) започнува со одбележувањето на 15-годишниот јубилеј (јуни 1999 – јуни 2014 година).

ENGAGE ќе се одржи на 14ти јуни (сабота) 2014, во салата „Империјал“ во Македонска опера и балет – МОБ (Службен влез кај Бистро). Презентациите на говорниците се распределени во неколку блока во периодот од 17:00 до 22:00 часот.

Со 20 говорници, 14 презентации, 8 работилници, 300 гости во публика, обезбеден аудио и видео стриминг и follow up работилници за најпосветените учесници, ENGAGE ќе обезбеди едукација, интеракција и инспирација за индивидуи, групи и организации чија цел е да го подобруваат општеството во кое живееме.

Презентациите на говорниците се распределени во неколку блокови во периодот од 17:00 до 22:00 часот. Меѓу потврдените говорници и презентери на годинешниот ENGAGE се: Yaryana Grusha (Babylon 13, Украина), Тiiit! Inc., Владимир Милчин (режисер),Владимир Трајковиќ (ФИНКИ), Зоран Бојаровски (Сервис за проверка на факти од медиумите), Бардуљ Марку (Иницијатива “Спас за Радика”), Трајче Јанушев (СТАР – СТАР), Бесфорт Идризи (LajTme), Милчо ВелјановскиЗлатко ОриѓанскиПетар Павлов (Creative Exchange).

Во рамките на конференцијата, работилници ќе одржат: Дарко Булдиоски (New Media MK), Оливера Трајковска (Вин-Вин), Дамјан Здравев (Реактор), Игор Тошевски (уметник и копирајтер),www.Letsfundit.mkи Танго Милонгеро Скопје.

Третото издание на ENGAGE нуди новина за оние кои не сакаат само да присуствуваат на еднодневната конференција, туку и да креираат и спроведат сопствена акација. ENGAGE GENERATOR ќе се одржи на 15 јуни (недела) и нуди работилници со дел од говорниците на конференцијата за осмислување и организирање акции на четири теми: jавна дебата; изразување на јавни простори; мултимедија и интернет и истражување и креирање на политики.

Регистрацијата е отворена до 11 јуни на engage.mof.mk, можност за учество на конференцијата ќе имаат првите 200 пријавени учесници. Радио МОФ ќе обезбеди и видео-стрим на својата веб-страница.

ЕNGAGE е поддржан од National Endowment for Democracy, Фондација Отворено општество Македонија и Проект на УСАИД за граѓанско општество, а е организирана од Младински образовен форум и Радио МОФ.

Повеќе за настанот на:

http://engage.mof.mk/

https://www.facebook.com/events/791230340896382/

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top