Во денешното соопштение, Европската федерација на новинарите (ЕФН) изразува длабока загриженост за безбедноста и работните услови на новинарите во Македонија кои известуваат за актуелните меѓуетнички насилни протести кои се случуваат во Скопје.
Објаснувајќи ги настаните и атмосферата која им претходеше на протестите, ЕФН го осудува приведувањето новинар од медиумот „Лајм“ и ги повикува властите да обезбедат амбиент во кој новинарите непречено ќе можат да известуваат.
„Европската федерација ја потсетува јавноста, демонстрантите и властите дека новинарите не смее да бидат на мета, да бидат притворани и вознемирувани за време на вршењето на својата работа, бидејќи тие имаат суштинска обврска во собирањето, уредувањето и коментирањето на вестите.“ нагласуваат од ЕФН.
Извор: IFJ