„Како да поднесам претставка до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ)?“ и „Како да поднесам приговор до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК)?“, се две нови едукативни видеа, изработени во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите –PROformance Watch“. Видеата, наменети за граѓаните, се корисна алатка за обраќање до двете институции.
Проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите –PROformance Watch“ го спроведуваа Евротинк, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права .