13239330_978799898902268_4228171447760878719_n

Дуриќ: Министерството за одбрана деградира вработени заради учество во протестите

на јун 23, 16 • од

Дуриќ и неколку нејзини колеги се распределни на пониски позиции, а нејзе дополнително и е оневозможен и пристап во просториите на армијата и Министерството за одбрана...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Дуриќ: Министерството за одбрана деградира вработени заради учество во протестите

Јамина Дуриќ иако веќе петнаесет години работи како подофицер во Генералштабот на Армијата,  поради учество на протестите  на Шарената револуција“  е деградирана од позицијата референт за логистика во Министерството за одбрана и е префрлена на позицијата командир на магацинот за храна во касарната во Кичево. Дуриќ вели дека пред еден месец поднела жалба до Министерството за одбрана поради нејзиното деградирање од позицијата, но се уште нема никаков одговор.

Едновремено, таа информира дека денеска, на 23 јуни, не и било дозволено да влезе во зградата на Генералштабот на АРМ, а нејзината картичка за пристап во просториите на војската не функционира.

Според Јасмина, таа не е единствената која е деградирана. Уште неколку нејзини колеги се распределени на пониски позиции само заради тоа што учествуваат на граѓанските протести.

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top