Дебатата ќе ги отвори прашањата и ќе понуди одговори за неопходноста од реализирањето на правото на град. Ќе дебатираме за можностите за иманентно граѓанско учество во неговата меморија, сегашност и иднина, како и за остварување на правото на град. Ќе го анализираме постоењето на ГТЦ како нераскинлив дел од идентитетот на градот и на неговото градителско, историско и културно наследство. Ќе се осврнеме на ГТЦ како архитектонски, но и како урбанистички проект кој треба да одговара меѓудругото и на потребата за естетика на урбаниот простор.
Говорници на дебатата ќе бидат Никола Наумоски од Плоштад Слобода, Никола Гелевски од Окно и Дејан Ивановски од Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Модератор ќе биде Искра Гешоска од Контрапункт.